1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕУ ја враќа заканата од визи на Западниот Балкан

Од денеска *9.01) е повторно во сила механизмот за можно итно враќање на визите за земјите од Западен Балкан. Од земјите членки на ЕУ засега нема посебно барање тоа да се направи, велат во Европската комисија во Брисел.

Претходно земјите членки на ЕУ изразија загриженост поради приливот на „лажни азиланти“ или државјани на земјите од Западен Балкан кои и на други начини се обидоа да ја злоупотребат можноста без виза три месеци да престојуваат во Шенген зоната во ЕУ.

Портпаролот на европската комесарка за внатрешни работи Сесилија Малмстром, укажа на тоа дека земјите членки на ЕУ во повеќе наврати предупредувале за проблемите во врска со безвизниот режим и дека земјите од Западен Балкан мора да преземат нешто, но и дека последниве недели нема некои поголеми промени на овој план.

Според него, ситуацијата и понатаму останала иста, а некои од членките на ЕУ и понатаму се многу загрижени бидејќи не е забележано „поголемо намалување“ на бројот на лица кои неосновано бараат азил или го злоупотребуваат безвизниот режим. Властите во Белгија пред три дена објавија дека вкупниот број на лица кои бараат азил од земјите кои не се членки во ЕУ во 2014 година се намалил за една четвртина. Младите Европски Федералисти од земјите на Западен Балкан жестоко се противат на воведувањето на механизмот преку кој ЕУ членките ќе бидат во можност да го укинат безвизниот режим за Балканските земји. Овој механизам беше усвоен од страна на Европскиот Парламент на 12-ти септември 2013 и стапува на сила на 9-ти јануари 2014.