1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ-Централна Азија

*

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, на последниот ден од германското претседателство со Унијата, во Берлин се среќава со своите колеги од пет централноазиски земји. На разговорите Штајнмаер ќе ја претстави новата стратегија на ЕУ за засилен ангажман во регионот. Ова се втори разговори меѓу ЕУ и претставници на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан. Првата рунда разговори се одржа во Астана во март.