1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЕУ-целта е европски устав до крајот на јуни

По големата прослава на обединувањето на ЕУ во Даблин,сега погледите полека се свртуваат кон секојдневните работи и обврски,особено од ирското претседателство.Тоа има амбициозна цел-до лето постигнување единство околу уставот.

По прославата,чека работа

По прославата,чека работа

Навистина,шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ вчера во Даблин немаа многу време за политички преговори,но јасно беше дека следните шест недели би морале да бидат донесени важни одлуки.Како што изјави ирскиот премиер Берти Ахерн,претседавач со Унијата,проширенаат ЕУ сега мора да покаже дека може и да функционира.Во прва линија тоа значи-европски устав до в лето.Ахерн смета дека тоа би било претпоставка дека дадените ветувања за долгорочна интеграција на Европа ќе бидат и исполнети.

Во Даблин веќе немаше никакви дисонантни тонови на оваа тема.Полскиот претседател Александар Квашњевски сигнализираше дека неговата земја овојпат нема да предизвикува лутина.

Како ќе изгледа единството околу уставот во детали,не е прецизирано ,иако во нив понекогаш лежи ѓаволот.

Посебно во прашаљњето околу системот на одлучување во ЕУ.Сега не постои веќе бунт против принципот на двојно мнозинство.Тоа значи зад секоја одлука мора да стојат мнозинството држави членки,но исто така и мнозинството од населението во ЕУ.Спорни се уште процентите.Уставниот конвент предложи 50 проценти од државите и 60 проценти од населението.Ова од Полска и Шпанија беше отфрлено како премногу ниско.

Ирска сега ги сондира мислењата,во игра се 55 проценти со 65 проценти,но колку е повисок процентот,толку е поголема можноста за доаѓање до блокада при донесувањето некој закон.Целта,ЕУ да биде што поефикасна и подготвена за делување ,не може да биде постигната со вакви високи проценти,,предупредуваат експертите.

Сепак,постои оптимизам,кој го дели и германскиот канцелар Герхард Шредер:

-Поаѓам од тоа дека ние ќе успееме да го донесеме европскиот устав до крајот на јуни.Постојат добри можности,зашто сме на пат на компромиси.Се надевам дека ирското претседателство ќе успее во подготвувањето компромисен предлог.