1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ: Хезболах на терористичката листа?

Европската унија ја проверува можноста, военото крило на либанското движење Хезболах да го прогласи за терористичка организација, што би значело замрзнување на сите финансиски активности во полза на оваа групација.

Барање за ставање на военото крило на шиитската радикално-исламистичка организација Хезболах на листата на терористи поединци и терористички организации на Европската Унија, како што соопштија дипломати на Унијата за агенцијата Франс прес, го доставила Велика Британија. Терористичката листа на ЕУ беше создадена како реакција на нападите во Њујорк и во Вашинготн на 11 септември 2001 година. Со ставањето на некоја личност или група на оваа листа, се замрзнуваат нивните банкарски сметки во ЕУ и се забранува секаков вид финансиска поддршка која би доаѓала од поединци и организации од земјите на Унијата. Предуслов за ставање на терористичката листа се недвосмислени докази за вклученост на осомничените групи и поединци во планирани или веќе извршени терористички акти, како атентати, киднапирања или пак напади врз инфраструктурата.