1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ –финансиска помош за ирачките бегалци

ЕУ става на располагање 18 милиони евра за ирачките бегалци.Надлежниот комесар на ЕУ Франко Фратини на средбата на министрите за внатрешни работи на 27-те земји членки во Луксембург соопшти дека 11 милиони од тоа се за хуманитарна помош на бегалците во регионот.Седум милиони ќе бидат наменети за државите од Унијата за да ги згрижат дојдените Ирачани.Лани околу 20 илјади Ирачани побарале помош во ЕУ,само Шведска примила околу 9 илјади луѓе.Според информаци од ОН,секој месец од Ирак заминуваат околу 50 илјади бегалци,во соседните држави Сирија и Јордан ги има веќе повеќе од два милиона.