1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЕУ тројката заклучи: случајот Иран мора да биде изнесен пред Советот за безбедност на ОН

Според оценката на шефовите на дипломатиите на Германија, Велика Британија и Франција, преговорите дојдоа на мртва точка, бидејќи Иран ја пречекори границата враќајќи се кон обогатувањето ураниум што може да се користи и за производство на атомска бомба.

Штајнмајер со колегите од европската тројка

Штајнмајер со колегите од европската тројка

„Со повторното почнување на активностите за обогатување ураниум Иран направи чекор што значи еднострано отфрлање на напорите за изнаоѓање комромисно решение„ – изјави домаќинот на средбата, шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер на прес-конференцијата по средбата со двајцата колеги од Велика Британија и Франција. Гостинот од Лондон на тоа додаде:

„Јас бев од почетокот на преговорите присутен, кога се обидовме да му излеземе пресрет на Иран и да му помогнеме да се расчистат важните прашања околу овој спор. При тоа остваривме и одреден напредок„ – појасни Џек Стро.

Но, сите отстапки што ЕУ и САД ги направија во рпосето на преговарање сепак беа попусто, оцени Филип Дуст-Блази. Иран очигледно не сака повеќе да преговара со ЕУ, рече шефот на француската дипломатија, посочувајќи на повторното отворање на запечатените атомски постројки на Иран.

Затоа не останува повеќе маневарски простор и целиот случај мора да се изнесе пред Советот за безбедност на ОН, заклучи домаќинот Штајнмајер:

„Со оглед на непочитувањето на повекратните повици на Советот на гувернерите на Меѓународната агенција за атомска енергија и досегашната недоволна соработка на Иран со Агенцијата, според нас дојден е моментот кога мора да се вклучи Советот за безбедност!„

При тоа шефот на германската дипломатија ветува, а неговите колеги по функција климаат потврдно со главите:

„Ние и понатаму сме подготвени пробоемот да го решиме по дипломатски пат во мултилатерални рамки и со мирни средства и во таа насока ќе имаме консултации наредните денови и недели„ – појасни Франк Валтер Штајнмајер, најавувајќи ја со тоа средбата на највисоко ниво на претставниците на ЕУ, САД, Русија и Кина следната недела во Лондон.