1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЕУ-тројката денеска во Белград

Идниот статус на Косово темата на која денеска во Белград тројката на ЕУ, во состав - Франк Валтер Штајнмаер, Оли Рен и Хавиер Солана, ќе води разговори со српскиот државен врв. Европските дипломати во Србија одат во време на непредвидливи внатрешно-политички односи. Парламентот, по изборите одржани неодамна, сеуште не е конституиран, ниту пак на повидок е составувањето нова влада.

Белград

Белград

Српскиот претседател, Борис Тадиќ, моли за одлагање – по средбата со претставниците на парламентарните партии тој ја соопшти заедничката желба за одлагање на, за наредната недела планираните, разговори за Косово во Виена. Зашто, новоизбраниот српски парламент не одржал ниту една седница, а коалиционите преговори не се вистински почнати.

И покрај тоа, специјалниот посредник на ОН, Марти Ахтисари, во Њујорк наскоро треба да го презентира својот план за идниот статус на Косово кој предвидува независност под меѓународна контрола. Доколку Русија се одоброволи, планот би можел да биде презентиран веќе во март. И германското претседателство со ЕУ сака темата да се заврши во наредните месеци. Неодамна во ОБСЕ германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер изјави: “ЕУ интензивно се подготвува да му даде поддршка на Косово во изградбата на структури на правна држава и на полицијата откако ќе биде решено прашањето на статусот.“

Европејците и Американците веќе подолго време имаат одлучено што треба да се случи со Косово – во тоа веруваат многумина Срби. Очекувањата од германскиот министер за надворешни работи, Штајнамер и високата делегација на ЕУ, токму затоа се мали: “ЕУ е стара баба, од нејзе не очекувам ништо„, вели еден граѓанин. Уште појасна е друга Белграѓанка: “Ќе сакаат да ни дадат наредби, но од нашите политичари очекувам категорично да речат НЕ!“

Европоа нема добар имиџ меѓу голем број млади во Србија, пред се поради обврските за визи. Многу Срби се чувствуваат изолирани, што го засилува отпорот кај нив. За тој отпор да го смекне, Брисел сега мора да дојде и со пријателски понуди. Со тоа српските политичари би си го сочувале образот пред избирачите кога Косоово ќе се оддели од Србија, со што инаку сметаат повеќето луѓе во Србија.

На пример, Брисел би можел повоторно да ги почне преговорите за приближување кон ЕУ, кои се замрзнати од минатата година поради неиспораката на генералот Ратко Младиќ на Хашкиот трибунал.