1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЕУ треба да помогне во спорот со името

Чешка ја поддржува Македонија во евро-атлантските интеграции, порача денеска во Прага претседателот Вацлав Клаус по средбата со македонскиот ресорен колега Ѓорѓе Иванов.

default

Чешкиот претседател Вацлав Клаус

„Сметам дека е недостојно важни прашања како што се македонските евроатлантски интеграции поради спорот за името со Грција да бидат блокирани и Европската Унија не може да стои на страна во врска со овој проблем“, изјави чешкиот претседател Вацлав Клаус по денешната средба во Прага со македонскиот претседател Ѓорге Иванов:

„Чешката Република го подржува влезот на Македонија во ЕУ и во НАТО. Жал ни е за формалните пречки на тој пат и мислиме дека е недостојно ова важно прашање да биде блокирано поради спорот за името од страна на Грција. Сметам треба да се почитува името на државата такво какво што самата ќе го одреди. Се покажа дека еден спор колку и да е билатерален, може да блокира, но друго е прашањето дали е тоа добро, а јас мислам дека не е“, рече Клаус посочувајќи го значењето на влезот на Македонија во ЕУ:

EU Erweiterung Tschechien Prag

Официјална Прага го поддржува Скопје во евро-атлантските аспирации

„За Македонија влезот во ЕУ е основно прашање за нејзината иднина, тоа е можеби поважно за земја како Македонија одколку што беше за некои други држави кои веќе пристапија во Унијата. Но, постојано повторувам дека тоа не е стапување во рајот, тоа е пристапување во една доста сложена организација. Сепак сметам дека во контекст на битнатата улога каква што Европската Унија ја има во сегашно време, не може пасивно и настрана да стои во врска со ова прашање и да гледа како Грција ја спречува Македонија. Мислам дека е обврска на ЕУ да се труди што поскоро да се најде решение, а верувам дека тоа решение ќе биде разумно и прифатливо", изјави Клаус.

„Конструктивна позиција“

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов ја повтори силната поддршка добиена од Чешката Република за македонските евроатлантски интеграции. Пред утрешната средба во Њујорк за спорот за името, Иванов со одговор:

George Ivanov von VMRO DPMNE

Претседателот Ѓорѓе Иванов

„Македонската страна секогаш била конструктивна и конструктивно приоѓала на сите предлози и сугестии што излегувале во тој процес. Нашиот претставник ќе ги претстави нашите ставови кои веќе ги има договорено државниот врв и ние навистина очекуваме разрешница на овој две деценски спор."

Хрватско-словенски модел

Блокадата од Грција ја спречува Македонија во напредокот во ЕУ за разлика од некои земји од регионот, рече претседателот Иванов, притоа потенцирајќи го хрватско словеничкиот договор како можен модел за решение на спорот со името:

„Блокадата од страна на Грција не ни овозможува да напредуваме со иста динамика како што на пример Хрватска напредува и затоа се повикуваме на словенечко - хрватското искуство, за тоа како е решен еден билатерален спор. Сметаме дека тоа исто треба да се однесува на спорот меѓу нас и Грција. Не може Европската Унија различно да се однесува кон речиси ист билатерален проблем."

Македонскиот и Чешкиот претседател на денешната средба во Прага потпишаа Договор за соработка во областа образованието, науката, спортот и туризмот, а важен дел бил посветен и на економските прашања.

Автор: Теодора Давчевска

Редактор: Горан Чутаноски

DW.COM