1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ средба во Брисел

*

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Брисел на т.н. владина конференција го разгледуваат предлог текстот на новиот реформски договор кој треба да го замени првобитно планираниот европски устав. Португалија, како земја претседавач со Унијата сака договорот да биде постигнат пред лидерскиот самит во октомври. Португалскиот министер за надворешни работи Лузи Амадо ги повика неговите колеги да останат лојални на процесот на реформи. Министрите раправаат и околу прашањето за идниот статус на Косово по неуспехот на процесот во рамки на советот за безбедност. Во Унијата владеат спротивни ставови околу натамошниот процес, пред се околу барањето за брзо решение на проблемот.