1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ спречи фузија на берзите од Њујорк и Франкфурт

Предвидената фузија им беше „трн в око“ на заштитниците на пазарната конкурентност од ЕУ, оти новото претпријатие, што би настало така, премногу би доминирало на пазарот.

default

Франкфуртската берза не го оствари планот

„Ова е црн ден за Европа и за нејзината идна конкурентност на светските финансиски пазари. Со забраната на фузијата е спречено создавањето на светски водечка берзанска група со седиште во Европа“, изјави Рето Франчони, претседател на Управниот одбор на Акционерското друштво Германска берза. Решението на Комисијата е тежок удар за него, оти тој стави се’ на картата на фузионирање со њујоршкиот конкурент и сега мора да види како ќе се одвиваат понатаму работите со неговото претпријатие. Во планираниот берзански џин Франкфурт би имал удел од 60, а Њујорк од 40 проценти. Минатата година обете фирми настојуваа да добијат согласност за фузијата од дури 40 антикартелски власти.

Но, јасно беше дека Комисијата на ЕУ ќе ја стави планираната фузија „под лупа“. Главна причина за да се определи против, беше трговијата со деривати, односно обложувањето на движењата кај менувачките курсеви на валутите. Новиот берзански концерн би контролирал околу 90 проценти од трговијата во Европа. „Решението на ЕУ се базира врз една тесна, далечна од реалноста дефиниција на пазарот, која никако не одговара на глобалната природа на конкурентската борба на пазарот на деривати“, прокоментира Франчони. Шефот на берзата не сакаше да ги открие наредните чекори и само рече дека Германската берза и без фузијата е добро подготвена и доволно силна.

Автор: Бетина Тома-Шаде/ Зоран Јордановски

Редактор: Ж. Ацеска