1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ - Словенија - Македонија

*

Словенија како иден претседавач со ЕУ ќе работи на утврдување на датумот за почеток на преговори за членство на Македонија, изјави словенечкиот државен секретар за европски прашања Јанез Ленарчич. Тој сепак нагласува дека не е реално да се очекува преговорите да започнат за време на претседателството на Словенија, кое Љубљана го презема од 1. јануари наредната година. Сакаме да се фокусираме на земјите од регионот и да ја зголемиме брзината со која тие се движат кон ЕУ, изјави Ленарчич.