1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ – Семејство со различно богати членови

Економските и социјалните разлики меѓу земјите на ЕУ се големи. Со проширувањето на Унијата кон Исток тие уште повеќе се продлабочија. Особено во очи паѓаат последните разлики во приходите и бројот на невработени. Додека во Лукесембург просечната плата по глава на жител е 45 000 евра годишно, Пољаците заработуваат само по 10 000 евра годишно.Ако целта е да се зајакне европското стопанство, овие разлики ќе мора д

Знамињата на земјите членки на ЕУ

Знамињата на земјите членки на ЕУ

а бидат надминати со време.

Почетокот на процесот на европското обединување беше базиран на економската соработка. Пред 55 години меѓу неколку европски земји потпишаа договор за создавање на заедница чија цел беше заедничка експлоатација на јаглен и челик. И денеска економијата е составен дел од процесот на европската интеграција. Штефани Вал, раководител на Институтот за стопански и општествени текови во Бон, вели

“Ако европскиот економски модел го споредиме со останатите стопански региони во светот како американскиот или азискиот, тогаш јасно може да се види дека Европа според стопанската динамика, полага големо внимание на социјалната урамнотеженост”.

Кон крајот на минатата година, Европската Комисија го усвои планот за финансирање за периодот од 2007 до 2013 година. Овој план предвидува јакнење на позициите на Европска на светските пазари и зголемување на благостостојбата меѓу земјите членки на Унијата. За тие колку толку социјално да се доведат на исто ниво предвидена е финансиска помош од таканаречените структурни фондови. Со нив ќе се финансираат проекти за изградба на патишта и автопати, научна работа и истражувања како и проекти поврзани со здравството. За да се зајакне Европа како стопанска дестинација, постојат два пата, смета професор Ерик Тајсен од Економскиот факултет во Бон.

“Првиот е да се хармонизира се,а вториот пат е слободно да им се даде на земјите да си утврдат кои регулативи ќе ги спроведуваат, на пример која стапка на даноци и сл.”

Од овие два пата, Европа се одлучи за првиот. Европскиот стопански модел е строго регулиран. Тоа значи дека политиката целно се меша во стопанските текови и да ги канализира и насочува. Тоа особено јасно се гледа кога станува збор за европската политика за субвенционирање. Европската унија пред се потпомага стопанските гранки, кои без субвенциите би пропаднале. Тоа е случај и со земјоделието. 50% од вкупниот буџетна ЕУ оди на аграрни субвенции. Тоа е и поради фактот што сите експерти предупредуваат дека политиката на субвенционирање е скапа, неоправдана и крајно опасна. Професор Манфред Нојман од Институтот за меѓународни економски односи во Бон вели:

“Секторот земјоделие го одржуваме вештачки, ги намалуваме цените и со тоа на земјите во развој им создаваме конкуренција, која економски не е оправдана”.

Слично е и со субвенциите во областа на експлоатација на јаглен и челик. Тоа е трн во око, особено на Велика Британија. Оттаму поранешната премиекрка Маргарет Тачер во 1984 година ја изговори славната реченица “ Си ги сакам своите пари назад” и со тоа издејствува посебен рабат за Британците. Оттогаш Британците во заедничката каса на ЕУ уплаќаат многу помалку пари од останатите земји членки. Позадина на ова е дека обемот на британското земјоделско производство е помало од на пример француското. Поради ова Лондон многу помалку профитираше од субвенциите за разлика од останатите земји во ЕУ. Но, со оглед на негодувањата во Унијатана таканаречениот британски рабат, тој до 2013 година би требало да биде значително намален.

Покрај субвенционирањето, ЕУ се меша и во стопанската политика на земјите членки преку воведување на единствени европски стандарди. Тие важат и за производството и за продажбата на производите. Важна е и стандардизацијата, за да се остварат исти критериуми за сите, појаснува Штефани Вал од бонскиот Институт за стопански и општествени текови:

“Мислам дека пазарот мора да биде регулиран, но регулативите и заедничките стандарди не смеат да одат на штета на конкурентноста, флексибилноста и реакциите на пазарот. Меѓународната конкуренција е заострена. Тоа поставува нови барања за Европа. Ние сме на почетокот на глобализацијата и таа во иднина ќе ни создава многу главоболки.”

Но, професор Нојман смета дека на базата треба да и се остави доволно слобода и дека не треба баш сите стандарди да бидат изедначени. Тој се прашува зошто на пример Германците би требало да живеат како Сицилијанците? Долгорочно гледано Европа ќе загуби од своето стопанско значење, бидејќи ефтиното производство ќе биде префрлено во други делови на светот, смета Штефани Вал и додава:

“Поради тоа мора да сториме се за да ја задржиме нашата предност. Тоа нема целосно да ни успее, но мора повеќе да инвестираме во научната работа и развојот. Европа е континент кој не е богат со руда. Човечкиот капитал и знаење е нашиот адут и во тоа мора да инвестираме повеќе отколку од минатото.”

Претседавачот со ЕУ, финскиот премиер Мати Ваханен, бара поголем обем на инвестиции во научната работа и развој. Тој сака Европа да биде конкурентна на азиската и северноамериканската економска зона. За таа цел и претседателот на Европската комисија, Хозе Мануел Барозо сака да основа и елитен Институтза научно истражувачка работа.