1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ сака дисциплинирано штедење и економски раст

Во завршната декларација од Самиот на ЕУ во Брисел, лидерите на земјите- членки ветуваат заеднички напори за поттикнување на економскиот раст. Претходно 25 од нив го потпишаа т.н фискален пакт.

default

Групна фотографија на лидерите на ЕУ

25 од 27 земји членки на Европската унија со меѓународен договор се обврзаа на поголема буџетска дисциплина. Шефовите на држави и влади на ЕУ на самитот во Брисел го потпишаа т.н. фискален пакт. Тој меѓу другото предвидува стриктна сопирачка за долговите по германскиот пример, која треба да ја провери Европскиот суд. Велика Британија и Чешка не се потписнички на договорот. Фискалниот пакт треба да го одобри секоја земја поединечно. Ирска пак веќе претходно најави дека ќе свика референдум за фискалниот пакт. Со оглед на тоа што станува збор за меѓудржавен договор доволна е ратификација во 12 ЕУ- земји. Канцеларката Ангела Меркел оцени дека фискалниот пакт е одлучувачки пресврт за стабилизација на финансиите на ЕУ.

Поттикнување на економскиот раст

Државите кои ќе го отфрлат фискалниот пакт мораат да сметаат на реперкусии. Тие имено во случај на криза нема да можат да добијат помош од новиот Европски стабилизациски механизам (ЕСМ).

Belgien EU Finanzpakt unterzeichnet Deutschland Angela Merkel

Канцеларката Ангела Меркел го потпишува т.н финансиски пакт

Инаку еврозоната ја одложи одлуката, дали ќе биде зголемен обемот на ЕСМ на Унијата, за крајот на март. Овој траен фонд за финансиска помош на, од криза загрозените држави според договореното треба да расолага со 500 милијарди евра. Германија долго време се спротиставуваше на негово проширување, но сега тоа изгледа се’ поверојтно. ЕСМ треба да стапи во сила во средината на годинава.

Шефовите на држави и влади на самитот во Брисел ги поздравија мерките за штедење, со кои високо задолжената Грција има намера да ги санира државните финансии. Луксембуршкиот премиер Жан Клод Јункер за агенцијата дпа изјави дека од средината на годинава нема да раководи со еврогрупата, на чие чело е од 2005 година.

Во завршната декларација од Самиот на ЕУ во Брисел, лидерите на земјите- членки ветија заеднички напори за поттикнување на економскиот раст. При санацијата на државните буџети предност мора да имаат мерките кои го поттикнуваат растот, се подвлекува во декларацијата. Кон тоа припаѓаат инвестициите во образованието, истражувањето и иновациите.

Автор: СН/ АТ/ дпа/ ртр/ афп

Редактор: Александра Трајковска