1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ сака да го осветли „банкарството во сенка“

Наредниот чекор за регулирање на финансиските пазари од страна на ЕУ е регулирање на монетарните пазари и „хеџ“ фондовите кои се високо ризични и шпекулативни бизниси.

Критичарите пак велат дека оваа регулатива не оди доволно далеку. Полека се приближува и петтата годишнина од колапсот на американската банка „Лиман Брадрс“ кој се смета за почеток на финасиската криза. Европската комисија ги искористи овие пет години за да смисли регулатива со која ќе може да ги контролира главните актери во „банкарството во сенка“. Во соопштение до јавноста Комисијата вели дека има недостаток на транспарентност во овој вид банкарство што само по себе прави да биде многу тешко да се утврдат сопственичките права (што е чие), да се нагледува концентрацијата на ризик и да се утврдат договорните страни.

Таканареченето „банкарство во сенка“ постои парарелно со регуларните банки и се состои од инвеститорски средства, администратори на пари и кредитори, кои во моментот речиси и да немаат правила кои би требало да ги почитуваат. Како и да е, нивното постоење е легално, и им помага на компаниите да дојдат до лепеза опции на краткорочно и долгорочно финансирање.

Во врска со проблемот Мишел Барниер комесарот за домашниот пазар на ЕУ изјави:„ Ги регулиравме пазарите и банките сеопфатно. Мораме да се справиме со ризикот од банкарството во сенка. Овој сектор игра важна улога во финансирање на реалната економија и мораме да се осигураме дека е транспарентен и дека придобивките кои беа добиени со тоа што се зацврстија одредени финансиски ентитети и пазари не бидат намалени со тоа што ризикот ќе се префрли на помалку регулирани сектори.“

Мулти-трилионски евро волумен

Институциите од банкарството во сенка им позајмуваат во краток рок и на неколку дена на банките и бизнисите. Тие исто така нудат високи каматни стапки за парите кои се вложени кај нив за краток временски период. Ризикот да се изгубат вложените средства е поголем отколку кај банкарска трансакција. Во 2011, банкарството во сенка се проценуваше на 51 трилион евра, со што овој паралелен и во поголем дел нерегулиран сектор достигнува една третина од волуменот на регуларниот банкарски бизнис.

Барниер вели дека голем дел од учесниците во банкарството во сенка се дел од

Belgien EU Michel Barnier zu Bankenabwicklung

Мишел Барние

регуларните големи банки и осигурителни компании, кои префрлија голем дел од својот бизнис во овј сектор затоа што така ги одбегнуваат регулативите.

Тој уште додава дека овој сектор е често повеќе слоен, нетранспарентен и нејасен, и иако е таков европските и националните регулативни тела мораат да превземат соодветни мерки сега, а во исто време нагласува дека ЕУ сака да го регулира и високо ризичниот пазар на пари пред да се зафати со овој проект.

Менаџирање на ризиците

Како што вели Берниер, фондовите кои работат на пазарот на пари мораат да се придржуваат на слични регулативи како и банките и да создадат финасиски „перничиња“. Со созадавање на вакви „перничиња“ тие би ги заштитиле своите сопственици и инвеститори во случај да пропаднат, а исто така би требало да чуваат и одредена резерва на пари кои ќе бидат достапни во секој момент за да останат ликвидни.

Свен Гиголд од Зелената партија во Европскиот парламент, тврди дека овие мерки не одат доволно далеку. За Дојче веле тој изјави:„Кога вредноста на средствата на фондовите драматично паѓаат, како на пример во драстични кризи, тие се приморани да продаваат колко што е можно побрзо. Баш тоа се случи и во Евро-кризата, но Барниер и останатите во комисијата не сакаат да ги однесат работите до крај со сите последици кои следуваат со тоа.“

Гиголд додава дека некои од фондовите заради нивните ризични модели на работа треба да бидат затворени, но како што вели тој Комисијата потклекнала на притисоците од финасиските лобисти и владите во Луксембург и Ирска, кои заради своите даночни системи се дом на многу вакви фондови.

„Барниер нема храброст да ги извади фондовите од монетарните пазари иако тие ја забрзаа евро-кризата, наместо да ги послуша критичарите и да ги натера

Sven Giegold

Свен Гиголд

фондовите да се повлечат, тој само сугерираше „перниче' од 3%. Ако кризата се повтори, ова нема да биде доволно да ги спречи овие фондови да додат масло на огнот.“-изјави Гифолд.

Долг пат за одење

За сега, Комисијата само достави предлог за регулирање на монетарните пазари. За да се изгласа во закон ќе треба да поминат неколку години додека Европскиот парламент, националните влади и парламенти го продебатираат и усвојат.

Други предлози како да се воведе во ред банкарството во сенка можат да се најдат само во студии на ЕУ или пак во позиции за преговори во Г-20 или со САД.

„Мораме да воведеме ред во нашата европска куќа, не сакаме да се ослободиме од банкарството во сенка туку сакаме да го направиме помалку „заразно“ и по транспаренто“- изјави Барниер.