1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ сака да ги шокира пушачите

Тутунската индустрија е огорчена, бидејќи ЕУ вчера (19.12.2012) предложи поостри законски рамки за продажба на цигари со цел да ги заштити потрошувачите. Ќе го донесе ли тоа посакуваниот ефект?

„Замислете си секој ден еден Џамбо џет да се срушува со 300 патници. Луѓето повеќе не би се качиле во авион“, вели Мартина Печке-Лангер од Германскиот центар за истражување на ракот.

Годишно во Германија умираат и по 110.000 луѓе поради ефектите од употреба на тутун, информира овој центар. Но, тоа не ги одвикнува пушачите од оваа навика.

„Потенцијалот за зависност едноставно е многу голем“, објаснува Печке-Лангер.

Една четвртина од возрасните во Германија редовно пуши цигари. Во другите земји стапките се и многу поголеми, како во Јужна Кореја, Русија или Бангладеш, каде пуши повеќе од половина од населението.

Единствено пакување како во Австралија?

Пушењето во Германија со години е контроверзна тема. Забраната за пушење во баровите и јавните објекти и натаму емотивно се дискутира и не е исто регулирана во сите сојузни покраини. Европската комисија вчера (19.12.2012) претстави предлог-закон за нова правна рамка за цигарите, според која во иднина 75 проценти од предната и задната страна на пакувањето со цигари мора да биде употребена за предупредување на пушачите. Досега укажувањето беше половина од тоа. На сите пакувања во иднина треба да има фотографии од бели дробови на пушачи или, пак, да се видат други здравствени последици. Ако Европскиот парламент и државите се договорат, тогаш новите препораки би можеле да се употребат од 2015-та година.

Schild: Rauchen verboten

Пушењето во баровите и јавните објекти е различно регулирано во различни германски сојузни покраини

Најчестите болести кај пушачите се рак на белите дробови, хронични белодробни болести и кардиоваскуларни болести, кои можат да доведат до инфаркт или мозочен удар. Во Австралија, Канада или Бразил ставањето вакви слики веќе е обврска. Текстот „пушењето предизвикува рак на усната шуплина“ се комбинира на пакувањето со фотографија од болен човек. Претходно на цигарите, на пример во Германија, стоеше испечатено „пушењето убива“.

„Ова се огромни промени. За поединечни марки повеќе не останува многу простор“, ја критикува Дирк Пангриц од Германскиот сојуз на производители на цигари, информацијата која до него стасала преку медиумите. Тој го смета планот на Комисијата за неодржлив. Ако ваквата политика биде усвоена, тогаш тутунската компанија Ремтсма најавува дека ќе покрене судски процес.

Сликите се паметат

Од Германскиот центар за истражување на ракот за Дојче веле објаснуваат дека трендот на пушачи меѓу младите луѓе е во опаѓање. Но, токму кон оваа група цели тутунската индустрија. Истражувањата во Австралија и Канада покажуваат дека девет од десет млади луѓе сакаат јасни предупредувања.

Zigaretten Packung Schachtel Australien rauchen Raucher Gift Gesundheit Gesundheitsgefährdung

Бразил, Канада и Австралија веќе ја предводат употребата на шокантни слики на пакувања со цигари

„Исто така и во Германија мнозинството се изјаснува за тоа“, објаснува Мартина Печке-Лангер, која смета дека фотографиите го покажуваат својот ефект. „Ние знаеме од истражувањата дека овие предупредувања базирани на слики ја зголемија веројатноста за запирање со пушењето“, додава Печке-Лангер. Таа ги отфрла тврдењата на тутунското лоби дека потрошувачите веќе се речиси целосно информирани за опасностите од пушењето. Таа смета дека оние кои пушат со години се веќе одамна навикнати на текстуалните предупредувања. Затоа е потребно менување на стратегијата.

Но, од тутунското лоби враќаат дека цигарите не се единствениот продукт кој може да предизвика здравствени проблеми, бидејќи и конзумирањето шеќер, на пример, може да предизвика болест.

„Замислете си лимонадата да мора да се продава во само еден вид на шише“, нагласува Пангриц, додавајќи дека тоа е експропријација на еден бренд.

Од центарот за истражување на ракот не се согласуваат со ваквото тврдење, бидејќи шеќерот може да биде опасен ако се конзумира во огромни количини, а една цигара во себе има доволно отров кој може веднаш да предизвика промени во телото.