1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ сака да ги намали провизиите за плаќање со банкарски картички

Брисел бара намалување на провизијата при плаќање со банкарски картички. Со тоа годишно би се „зачувале“ повеќе од 700 милиони евра кои граѓаните денес ги плаќаат „на сметка“ на употреба на картичките.

ЕУ е со намера да ја ограничи провизијата за користење на банкарските картички со цел да има помала цена при плаќање со дебитна или кредитна картичка. Европската комисија вели дека моменталните банкарски маржи за плаќање со картички, кои се движат и до 1,5 отсто од вредноста на трансакцијата, се неусогласени и високи, што доведува до повисоки цени на производот и наштетува на конкуренцијата на европскиот пазар.

„Предлагаме да се намалат меѓубанкарските давачки за домашното и прекуграничното плаќање со дебитни и кредитни картички, и тоа на 0,2 отсто од цената за дебитни и 0,3 отсто за кредитни картички“, изјави европскиот комесар за трговска политика и услуги Мишел Барние.

Планот на Европската комисија е предлогот, доколку биде усвоен од Европскиот парламент и земјите членки, да стапи на сила во 2015 година.

Европската комисија против Виза и МастерКард

Kreditkarten

Виза и МастерКард се спротивставија на ваквиот чекор

Пресметката на Брисел е дека ваквиот закон би можело годишно да им „зачуваат“ на потрошувачите во Европа и до 730 милиони евра, кои денес ги немаат „на сметка“ поради трошоците при плаќање со своите банкарски картички. Како еден од очигледните примери се наведуваат провизиите кои авиокомпаниите ги додаваат на цената на картата купена со картичка. Виза и МастерКард, кои заедно опфаќаат скоро 90 отсто од сите трансакциски картички во ЕУ, се спротивставија на ваквиот чекор, предупредувајќи дека тоа би можело да доведе до воведување на нови провизии, не на трансакциите, туку на самите банкарски картички, за да се покријат нивните оперативни трошоци.

„Во загуба така повторно би биле потрошувачите, а може да дојде и до намалување на поддршката на европскиот економски раст“, порачуваат од банкарското лоби, додека во Европкската комисија ги отфрлаат ваквите предупредувања како „лажни информации“.

„Секако дека има интересни групи кои се противат на ограничувањето на трансакциските трошоци, убедувајќи ги потрошувачите дека ваквиот закон ќе доведе до поголема провизија при издавањето на самата картичка, без намалување на цената на производот. Ние веруваме дека потрошувачите ќе бидат во добивка поради намалувањето на скриените трошоци на своите сметки. Нема ни причина намалените трансакциски трошоци да доведат до поголеми трошоци на самите банкарски картички, бидејќи банките се тие кои отворено се натпреваруваат со подобра понуда да привлечат нови клиенти за своите картички“, вели европскиот комесар задолжен за конкуренција Јоаким Алмунија.

Од Европската комисија, која веќе имаше „судир“ со МастерКард токму поради меѓубанкарските провизиии, додаваат оти „разбираат дека големите американски компании ќе го бранат својот интерес“, но дека ваквата кампања е „неподнослива и контрапродуктивна“.

Намалени провизии веќе од 2015 година?

Deutschland Verbraucher Kreditkarten Panne

Според извештајот на Европската комисија во 2011 година во ЕУ циркулирале 730 милиони банкарски картички

Скоро секој кој има отворена сметка во банка во ЕУ има и дебитна картичка, додека 40 отсто од тие имаат и кредитна картичка. Според извештајот на Европската комисија во 2011 година во ЕУ циркулирале 730 милиони банкарски картички. Ограничувањата кои ги предлага Европската комисија не се однесуваат на „поскапите опции“, како што се деловните кредитни картички или тие кои директно, а не преку банка им се нудат на граѓаните, како што е Американ Експрес. И додека здружениијата на европски потрошувачи ја поздравуваат оваа иницијатива, банките, со помал ентузијазам, порачуваат да се одржи систем во кој банките директно со продавачите ќе се договорат за провизијата.