1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ – САД – самит

ЕУ и САД потпишаа рамковен договор со кој треба да се отстранат пречките во трговијата и економската размена. На самитот во Вашингтон, ЕУ и САД постигнаа приближување на ставовите и во однос на заштитата на климата. Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека двата најголеми економски блока на земјината топка, и покрај разликите, имаат намера да соработуваат во борбата против затоплувањето на планетата. На маргините на самитот, ЕУ и САД потпишаа и договор за либерализација на воздушниот сообраќај, со кој треба да се овозможи поголем избор и поевтини билети за патниците.