ЕУ расправа за ирачките бегалци | Вести | DW | 20.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ расправа за ирачките бегалци

Министрите за внатрешни работи на 27-те земји членки на Европската Унија денеска ќе одржат состанок во Луксембург на кој ќе расправаат за растечкиот проблем со бегалците од Ирак. Во изминатата година 20 илјади од нив пребегаа во земјите од ЕУ. Неколку милиони Ирачани важат како протерани од своите домови и се сместени во други земји во регионот. Претседателот на Комисијата за внатрешни работи на германскиот Бундестаг , Себастијан Едати во интервју за Дојче веле ја отфрли можноста за протерување на ирачкиот бегалци од Германија.