1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕУ размислува за санкции кон Украина

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо најави можност ЕУ да реагира со одредени мерки на насилството на протестите во Украина, повикувајќи ги двете страни на деескалација на ситуацијата.

ЕУ почнува да размислува за соодветни мерки против Украина по информациите дека најмалку тројца демонстранти загинале во насилството во Киев, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо.

Тој истакна дека Унијата е шокирана од смртните случаи и осудувајќи ја употребата на сила, повика сите страни итно да го прекинат насилството.

„Ќе продолжиме внимателно да ја следиме состојбата и ќе разгледаме евентуални мерки на ЕУ и последици врз нашите односи со оваа држава“, нагласи Барозо.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, исто така, изрази длабока загриженост поради ситуацијата во Украина и го повика украинското државно раководство да ги почитува обврските во областа на демократијата и правната држава.