1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ: Работен час најплатен во Белгија, а најефтин во Бугарија

Во минатата година, трошоците на трудот во земјите од ЕУ се зголемиле. Најголем раст имало во Бугарија, каде меѓутоа трудот чини убедливо најмалку. Работниот час има најголема цена во Белгија, а Германија е осма.

default

Трошоците на трудот во Германија во 2009, годината на најголемата економска криза по Втората светска војна, пораснале за дури 4,1 насто во споредба со претходната 2008. Сојузниот завод за статистика соопшти дека работниот час во минатата година во просек чинел 30,90 евра. Во земјите од еврозоната трошоците на труд во просек пораснале за 2,7 насто.

Бугарија: Еден час работа чини 2,90 евра

Германија според цената на трудот е на осмото место во Еврозоната, далеку зад Белгија и Данска, кадешто работниот час чини 38,50 односно 35, 90 евра.

BdT Bulgarien Sofia Handwerksmesse Schmied bei der Arbeit 06.09.2009

Најмала цена на трудот во Бугарија

Во долниот дел на листата се Грција , кадешто еден час работа работодавачите ги чини 13, 80 евра и Португалија со 10, 10 евра. Во Европската унија трудот е најефтин во Бугарија - 2,90 евра на час. Притоа растот на трошоците на труд во оваа земја минатата година бил најголем и изнесувал 13, 4 проценти.

Трошоците повисоки, но не и реалната заработувачка

Статистичарите меѓутоа велат дека вработените во Германија воопшто не профитирале од зголемувањето на цената на трудот. Во година на криза нивните реални заработувачки во просек дури и опаднале. Главна причина за растот на трошоците на трудот во Германија е кратењето на работното време. Многу работодавачи настојуваа со преминувањето на скратеното работно време да избегнат отпуштања.

Намалувањето на трошоците на трудот во минатите години беше една од главните цели на германската економија во настојувањето да ја подобри својата позиција во светската конкуренција. Тоа во минатите десет години во голема мера и успеа и најголема полза од тоа имаа германските извозници.

Автор: СН/БГ/дпа/ бета

Редактор: Жана Ацеска

Поврзана содржина