1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ –прогнози

Германија в година нема да ги прекрши критериумите на Пактот за стабилност

Педро Солбес со оптимистички предвидувања за Германија

Педро Солбес со оптимистички предвидувања за Германија

Својот последен настап како чувар на Пактот за стабилност еврокомесарот за монетарна политика Педро Солбес го искористи за радосна порака.Пред социјалистот Солбес да ја смени функцијата по Велигден како нов шпански министер за стопанство и финансии во Мадрид,тој во Брисел изјави дека Германија в година за прв пат по 2001 година,според предвидувањата, ќе ги исполни критериумите околу нови задолжувања предвидени со Пактот за стабилност.

Комесарот за монетарна политика смета едка германскиот дефицит во 2005 година ќе изнесува 2.8 проценти од бруто домашниот производ,а дозволени се три проценти:

-Германската влада е решена да спроведе дополнителни мерки за штедење,доколку тие бидат потребни идната година.Тоа се разбира многу ја умири Комисијата.

Германскиот министер за финансии Ханс Ајхел кој силно спореше со Солбес поради можните дефицитни намети,уште на викендот здивна на неформалната средба на министрите за финансии во Ирска.

Пред само неколку недели прогнозите беа поскептични.Конјуктурата во Германија се подобрува побрзо од очекуваното,верува сега Комисијата.За 2005 година се смета на пораст од 1,8 прпценти,иако зоната на вкупно 12 те евроземји напредува уште побрзо,вели Солбес:

-Поаѓаме од тоа дека порастот во еврозоната годинава ќе биде 1,8 проценти,в година 2,3 насто.Полетот е поддржан од засилената побарувачка на потрошувачите и од порастот на извозот.

Солбес меѓутоа истакнува дека светското стопанство сепак стои подобро од европското.

Освен тоа,не сите земји се подобрени како Германија,на пример Франција.Новите задолжувања во 2005 година таму ќе бидат околу 3,6 проценти.Еврокомисијата не верува во новите најавени реформи на францускиот министер за финансии.На клупата на грешници седат и Холандија и Велика Британија.Бројките на Грција треба да бидат уште еднаш проверени.Како заздравена важи Португалија.

Од Италија стигнуваат лути протести,зашто владата на Сивио Берлускони прими сино писмо,значи предупредување,дека и се заканува постапка против дефицитот.Италијанските нови задолжувања в година би биле околу четири проценти од брутодомашниот производ.Досега дефицитот се држеше во граници само со еднократни мерки.Силвио Берлускони меѓутоа во синото писмо гледа напад од страна на неговиот ривал на идните парламентрани избори во Италија ,претседателот на Европската комисија Романо Проди.

Во суштина Пактот за стабилност според оценките функционира,но Еврокомисијата сака да соопшти нови предлози како некои од неговите критериуми можат да бидат пофлексибилни:

-Верувам,кога се посматраат донесените одлуки,дека тоа функционира.Во некои земји помалку,во некои повеќе.Се обидовме со поголем притисок заради одење во правилен правец,но ние сме на почетокот на еден долг процес,изјави Солбес.