1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ - проблем или сојузник на САД?

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Вашингтон ги пречекува раководните политичари на ЕУ. Ќе разговараат за економијата, меѓународните кризни жаришта и иднината на трансатлантските односи.

default

Претседателот на Комисијата на ЕУ, Жозе Мануел Баросо и претседателот на Советот Херман ван Ромпој денеска се среќаваат со американскиот претседател Барак Обама на редовните годишни консултации. Станува збор за „континуиран дијалог“ се вели од европски дипломатски кругови во Вашингтон. Истовремено се нагласува дека првпат на самитот САД - ЕУ, Унијата ја застапуваат „европски политичари“, а не претседател или премиер на некоја од земјите членки.

Економската и финансиската криза доминантна тема

Доминантна тема на разговорите ќе биде економската и финансиската криза, која доминира во политичкото секојдневие на двете страни на Атлантикот. Планирано е да биде формирана работна група, која треба да најде пат за подобрување на трансатлантските економски односи, за отворање работни места и поттикнување на економскиот пораст. Сознанијата на ова тело треба да бидат претставени на идниот самит во 2012 година. Притоа трансатланските трговски и инвестициони односи се беспримерни во светот. Тие сочинуваат 49 проценти од глобалниот брутодомашен производ и една третина од светската трговија. 1,8 милијарди евра во стока и услуги секојдневно го преминуваат Атлантикот и обезбедуваат 15 милиони работни места.

Покрај економијата на самитот меѓу другото ќе се разговра и за равојот на ситуацијата во арапскиот свет, за блискоисточниот мировен процес, за нуклеарните амбиции на Иран, за заканата од меѓународниот тероризам, како во реалниот свет така и во сајбер-просторот, за енергетската безбедност и климатските промени.

Iran USA China Obama Hu Jintao Honolulu

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот кинески колега Ху Џинтао во Хонолулу

Меѓутоа европејците стравуваат дека САД засилено се ориентираат кон Азија. Американскиот претседател Барак Обама тукушто се врати од турнеја во тој регион, каде најави дека почнува пацифичкото столетие. Загриженоста на Европејците е непотребна, смета Даниел Хамилтон, директор на Центарот за трансатлантски односи при „Paul H. Nitze School of Advanced International Studies“ во Вашингтон. Сестраните економски односи покажуваат колку се блиски двете страни. „Ние сме пацифичка и атлантска сила, тоа е така од пред неколку децении“, вели Хамилтон.

Факт е, дополнува Хамилтон: „Политички сојузот не е повеќе она што бил некогаш.“ Тоа меѓутоа е позитивен развој, оти стабилноста на Европа не е повеќе како во 20. век главен проблем на Американците, кога „Европа беше жариште на опасностите во светот“. Сега станува збор за тоа „дали Европејците се способни да настапуваат со Американците како партнери за заштита на климата, за Авганистан, за предизвиците во арапскиот свет или не“. И дали Американците се способни да работат со партнери, кога соработката, од американски агол се одвива фрустрирачки и тешко.

Глобално поместување на силите?

Стивен Сабо, директор на Трансатлантската академија во американскиот главен град меѓутоа е попесимистички настроен. „САД ја губат довербата дека ЕУ е гласот на Европа, со оглед на она што се случуваше во последните година до две во

EU USA Währung Dollar-Euro Symbolbild

Европа.“ Американците, според Сабо порадо би сакале, ЕУ да настапува одлучно, меѓутоа скепсата дека тоа навистина би можело да биде така и натаму ќе расте. Во Вашингтон се’ повеќе се пробива ставот дека вистинскиот европски центар на моќ во моментов е Берлин. На Европа се гледа како на проблем, не како на партнер.

Сабо во своите ставови оди уште подалеку: ова според него бил еден од пресвртните моменти во историјата, во кој влијанието на Западот опаѓа и влијанието на земјите во подем расте. „Можно е да дојде до темелно поместување на силите во светот“, смета Сабо. Политичката поларизација во САД, како и политичката неспособност на Европејците заеднички да донесат важни одлуки, го прават песимист. „Ја губиме контролата врз нашата сопствена судбина“. Исто и САД, како и Европа, наскоро би можеле да бидат принудени, поради тешките економски состојби, да донесат одлуки кои всушност не ги сакаат. Последица: нема да има доминантна глобална сила, што решавањето на меѓународните проблеми ќе го направи уште потешко.

Сеедно дали се во право оптимистите или песимистите: промените во трансатланските односи веќе не можат да се сопрат. Прашање е само дали може да се влијае на насоката.

Автор: Кристина Бергман/ Александра Трајковска

Редактор: Горан Чутаноски

DW.COM