1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ пред одлука за нафтено ембарго за Иран

По повеќенеделни подготовки, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ оддржуваат состанок во Брисел на кој ќе донесат одлука за нови опсежни санкции против Иран.

default

За првпат се очекува ЕУ да воведе нафтено ембарго кон Иран

За првпат во спорот околу иранската атомска програма Европската унија треба да воведе и нафтено ембарго против Техеран. Таквата одлука на денешниот (23.01) состанок во Брисел треба ја донесе министерскиот совет на ЕУ.

Покрај тоа, шефовите на дипломатиите на државите членки на ЕУ планираат и замрзнување на финансиските средства на Иранската централна банка во Европа. Планирано е новите санкции да стапат во сила веднаш.

За веќе склучените договори за испорака на нафта од Иран притоа е планиран преоден рок кој ќе трае до 1 јули. Раководството во Техеран претходно остро ги предупреди Европејците да не ги заоструваат казнените мерки.

Iran Öl Symbolbild Sanktionen EU

Иран на крајот од декември се закани дека ќе го блокира Ормускиот теснец, ако бидат воведени нови санкции поради атомската програма

Целта на санкциите е преку пресушување на финансиските извори Техеран да биде принуден да ја запре неговата атомска програма и да започне нови преговори со меѓународната заедница.

Американски носач на авиони мина низ Ормускиот теснец

Во период на заострени тензии со Иран, американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ мина низ Ормускиот теснец. Носачот без инциденти успеал да стигне до Персискиот залив, каде што треба да изведе безбедносни маневри, соопшти американската воена морнарица. „Абрахам Линколн“ беше придружуван од британски и француски воени бродови. На крајот до декември Иран се закани дека во случај на воведување на нови санкции поради неговата атомска програма ќе го блокира Ормускиот теснец.

Автор: СН/ дпа/ ртр

Редактор: Александра Трајковска