1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ постигна компромис за буџетот

По интензивните дебати шефовите на држави или влади на ЕУ постигнаа спогодба за буџетот до 2020 година. Компромисот е пред се’ во полза на државите донатори. ЕП мора да ја одобри постигнатата согласност.

Богатите нето плаќачи во ЕУ (државите кои повеќе уплаќаат, отколку што добиваат н.з.) Германија и Велика Британија успеаја да ги спроведат своите барања на самитот во Брисел околу идниот буџет на Унијата. Според буџетот, кој предивидува штедење, Унијата во наредните седум години за првпат ќе има помали трошоци во споредба со претходниот период. Особено Лондон и Берлин бараа дополнителни кратења на милијарди евра. Заштедите се предвидени во различни области. По ова прашање им се излезе в пресрет на желбите на државите, кои плаќаат повеќе пари во Брисел отколку што добиваат одтаму.

Финансиската рамка за периодот од 2014 до 2020 година треба да изнесува 960 милијарди евра. Во претходниот период вклучително и порамнувањето поради инфлација изнесуваше 993,6 милијарди евра. Германската канцеларка Ангела Меркел се избори буџетот да биде ограничен точно на еден процент на економскиот учинок на ЕУ. Германија, која истовремено е и голем примач на средства од ЕУ, исто така ги одбрани средствата кои ги добива за структурно слабите региони.

EU Haushaltsgipfel Herman Van Rompuy

Херман ван Ромпој

Преговорите траеа речиси 26 часа, бидејќи во текот на изминатото деноноќие самитот беше повеќепати прекинуван за да може да се договорат спорните поединости во помали групи. Олеснително реагираа сите, откако шефот на самитот Херман ван Ромпој денеска (08.02.) попладне преку Твитер соопшти: „Спогодбата е постигната“.

Европскиот парламент смета дека спогодбата на европските шефови на држави или влади не е доволна во борбата против невработеноста и рецесијата. Парламентот затоа се заканува дека ќе ја одбие спогодбата.

Разликите меѓу исплатите и обврските предизвикаа отпор во Европскиот парламент, кој мора да го одобри буџетот. Претседателот на парламентот Мартин Шулц се закани со блокада. „Тоа се нарекува дефицит. Нема да потпишам буџет со дефицит“. Шефовите на држави или влади на ЕУ постигнаа имено согласност средствата пофлексиблно отколку досега да може да ги префрлуваат меѓу поединечните годишни буџети.

Најголемите блокови за расходи во буџетот традиционално се резервирани за буџетот за аграрот (373 милијарди евра) и унапредување на порастот и сиромашните региони (450,4 милијарди евра). За новата иницијатива за борба против невработеноста меѓу младите ќе се издвојат шест милијарди евра.