1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ поплавена од кинески текстил

Во Европската комисија во Брисел запалени светлата за аларам: во моментов Комисијата, со оглед на експлозивното зголемување на увозот на текстил од Кина се проверуваат можностите за воведување мерки за заштита побргу отколку што е регуларно предвидено. Потребно е формално барање од една од земјите членки на ЕУ, за постапката да се забрза за околу два месеца:

Увозот на пуловери од Кина во Европската унија во првите три месеци од годинава е зголемен за 4 пати во однос на истиот период лани. Увозот на маици со куси ракави бележи пораст од 165 насто откако на почетокот на годинава, според заклучокот на Светската трговска организација, беа укинати стапките за увоз што важеа претходно. Машките пантолани трипати почесто можат да се најдат во продавниците на земјите од ЕУ, а во шест други категории увозот е подеднакво драматичен, вели евро-комесарот за трговија Питер Менделсон. Од тие причини Европската комисија во понеделникот отвори формална постапка за да се испита оваа кинеска текстилна поиплава. Менделсон вели:

„Поради овие факти, Европа не може да чека за да види како ќе се развиваат работите. Време е за дејствување„.

Франција, Италија и европскиот сојуз на производители на текстил со месеци се жалат кај Менделсон дека новите правила на СТО ќе овозможат експлозија на кинескиот извоз. Сега, Европската комисија два месеца ќе истражува колу се потресени пазарите и дали вистина се во опасност повеќе стотици илјади работни места. Потоа би требало да започнат формални преговори со кинеските партнери. Ако Кина, и покрај оправданите жалби, не го намали производството на текстил. ЕУ би можела да ги зголеми увозните царински стапки и за 100 проценти. Евро-комесарот Питер Менделсон подвлекува дека овие мерки, според правилата на СТО, би можеле да бидат воведени само краткорочно:

„Ако одделни интересни групи во Европа очекуваат дека сега би можела да започне еден вид трговска војна, тогаш кај мене се на погрешна адреса. Тоа нема да го направам. Моите мерки ќе бидат одмерени„.

Според проценките на експерти од ЕУ, во овој момент од ефтината конкуренција од Кина страда пред се текстилната индустрија во земјите во развој како Бангладеш. Не може едноставно само да се посматра како и други земји во развој едноставно исчезнуваат од пазарот, вели Мендлесон. И во САД има настојувања за заштита на домашниот пазар од кинеските производи. Генералниот директор на Светската трговска организација Супачаи Паничпадки предупредува од избрзани царини. Европа и САД мораат да ги посматраат пазарите најмалку една година пред да воведат казни. Текстилните пазари имаа време од седум години да се подготват за укинувањето на стпаките во почетокот на годинава. Сегашните заштитини царини, според правилата на СТО, во секој случај истекуваат во 2008 година.