1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЕУ „покровител-посредник“ во спорот за името

Европската Унија би требало да игра улога на покровител-посредник во решавањето на спорот со името меѓу Македонија и Грција, вели европратеникот и веројатен иден претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц.

default

Европратеникот од пратеничката група на социјалистите, Мартин Шулц

Во Европскиот парламент прашањето за еврооинтеграциите на Република Македонија и нејзиниот спор со Грција, со исклучок на европратениците кои тие прашања ги следат директно, не се наоѓаат во жижата на интересот кој во моментов е насочен кон решавањето на должничката криза и спасот на евро зоната. Тоа го признава и Мартин Шулц претседателот на групата на европските социјалисти и демократи.

„Интересот во Европската Унија во моментов е свртен кон Грција и можеби помалку е насочен кон прашањето на односите меѓу Грција и Македонија. Решението за проблемот со името може да биде пронајдено само преку билатерално приближување меѓу Грција и нејзиниот сосед Македонија под еден вид на покровителство на ЕУ. Тоа не е единствен, но тој е еден од конфликтите меѓу една држава која сака да и’ се приклучи на ЕУ со една држава која е членка на ЕУ.

EU ohne Haushalt - Verhandlungen gescheitert

Како последица на тоа јас велам дека неговото решавање треба да биде под покровителство на ЕУ.“

ЕУ да игра улога на „покровител-посредник“

Германскиот социјал-демократ и најверојатно иден претседател на Европскиот парламент од јануари 2012 година, дообјаснува зошто тој се залага за вклучување на ЕУ во решавањето на спорот.

„Тоа се рабира е билатерален конфликт меѓу држава кандидат и држава членка, но тој проблем се однесува на сите нас. Кога велам сите, мислам на сите држави членки, но пред се’ на Европската Унија како таква. Затоа мислам дека решението на проблемот може да биде пронајдено под еден вид посредништво на Европската Унија. Добро знам дека надлежните во Европската Комисија веќе подолго време се мачат да изнајдат средство за да ги намалат тензиите кои искрено постојат. Признавам дека не знам дали е постигнат напредок, бидејќи веќе подолго време не сме дискутирале за проблемот поради должничката криза во евро-зоната“, завршува Мартин Шулц.

И Грција треба да покаже солидарност со ЕУ

Копретседателката на групата на Зелените во ЕП, Ребека Хармс, инсистира на необичноста на овај проблем гледано од европски агол. „Секогаш за мене тоа беше мошне чудна дискусија, бидејќи Грците го блокираат напредокот во евроиинтеграциите поради името Македонија, тоа е чудно и необично. Но, ќе видиме. “

Rebecca Harms Fraktionsvorsitzende der Grünen im Europäischen Parlament

Шефот на пратеничката група на Зелените, Ребека Хармс

Ребека Хармс се надева дека во моментот кога Европската Унија се покажува солидарна со Грција преку плановите за нејзин спас, Грција исто така ќе се покаже солидарна со ЕУ во однос на европските интеграции на Македонија. 

Оптимизам пред извештајот на Европската комисија

Бернд Поселт пратеник од редовите на Народните партии е оптимист спроти објавувањето на извештајот на Европската комисија за непредокот на Македонија. „Јас сум голем оптимист поради големиот напредок што е постигнат во Македонија. Ние тоа можеме да го видиме, затоа има апсолутен оптимизам.“

Германскиот европратеник, кој не ги крие симпатиите и отворено ја поддржува евро-атлантската интеграција на Македонија, уверен е дека ќе дојде до деблокирање на датумот за преговори.

Deutschland MDEP Bernd Posselt von der CSU

Европратеникот Бернд Поселт

„Да! Се надевам дека тоа ќе се случи годинава или во текот на идната година, бидејќи сега постои извесна флексибилност во Грција и сигурен сум дека германската канцеларка Меркел на оваа тема разговара со грчкиот премиер на средбата во Берлин.“

Поселт смета дека е можно преговорите да започнат и без решение на проблемот со името.

„За мене тоа е можно. Едното со другото не треба да се поврзуваат, но мислам дека ќе биде полесно за двете страни ако најдат решение - што апсолутно го поддржувам“.

Официјалниот став на Европскиот парламент во однос на напредокот на земјите кандидати, меѓу кои и Македонија, треба да се чуе по расправата која ќе биде организирана откако Европската комисија ќе го објави годишниот извештај за напредокот.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Горан Чутаноски

DW.COM

Поврзана содржина