1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕУ подготвена економски да ја поддржи Украина

Украинскиот опозиционер Дмитри Булатов кој сѐ уште е во болница во Литванија сакал да допатува во Германија. Со политичката криза во Украина повторно се занимава и Европската унија.

За кризата во Украина денеска дискутираат шефовите на дипломатиите на ЕУ. Покрај политичките напори на ЕУ за решавање на конфликтот меѓу владата и опозицијата во Киев, се размислува и за економска поддршка на источноевропската земја. Одлука за еден меѓународен пакет помош меѓутоа не се очекува.

„Ние сме подготвени за економска помош во рамките на неопходните реформи“, изјави шеф европскиот дипломат Кетрин Ештон на почетокот на средбата. „И во контакт сме со други земји и институции по ова прашање“, дополни Ештон. ЕУ и натаму била подготвена да поддржи дијалог меѓу опозицијата и претседателот Виктор Јанукович.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер побара сериозно да се размисли за промени на Уставот. Тој смета дека протестите од викендот покажале дека луѓето нема да се задоволат со гнили компромиси: „Да се игра на време, како што Јанукович во моментов повторно се обидува“, не било перспектива за мирно решение.

Русија од своја страна на соседот му понуди финансиска помош од 15 милијарди долари. Исплатата меѓутоа е стопирана, бидејќи украинската влада, поради притисокот од протестите на крајот на јануари поднесе оставка. Исплатата повторно ќе била активирана, откако ќе биде формирана нова влада.

Булатов сакал да допатува во Германија

Dmitro Bulatow

Дмитри Булатов

Повредениот украинскиот опозиционер Дмитри Булатов, кој најверојатно бил измачуван, според некои медиумски информаци сакал да допатува во Германија. Тој сакал да живее кај неговите родители во Хаген, инфорира весникот „Рајнише пост“. Весникот се повикува на писмо до германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамејер, во кое претседателот на младинската организација на европските конзервативци, Бенедикт Петеринг го информира за телефонски раговор со Булатив и неговата желба. Петереинг упатил молба до Штајнамер да се ангажира за право на престој на Булатов.