1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕУ повторно ќе посредува меѓу Србија и Косово

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Кетрин Ештон, ги покани премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, на нови разговори во Брисел. Средбата ќе се одржи утре, среда (17.04).

Портпарол на Кетрин Ештон ја соопшти веста во Брисел:

„Ги замолив да дојдат во конструктивен дух и со подготвеност за проверка на различни опции, како и за постигнување компромис“, ја цитираше портпаролката Ештон.

Во досегашните осум преговарачки рунди под покровителство на Ештон, двете страни во минатите шест месеци не можеа да постигнат согласност за решение на конфликтот. Србија не ја признава независноста на Косово, кое порано припаѓаше на Југославија, а стана самостојно во 2008 година. Посебно спорно е каква автономија ќе им биде призната на Србите кои живеат на северот на Косово.

Постигнување договор меѓу Белград и Приштина е предуслов за тоа Србија да добие термин за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Европската комисија денеска попладнето расправа околу извештајот кој треба да биде основа за одлуката на ЕУ-самитот во јуни. Не е исклучено, извештајот во последна минута да биде одложен за неколку дена, за да се сочека новозакажаната средба.

(На фотографијата - архива - од поранешните средби на Ештон со Дачиќ и Тачи)