1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ планира економска реформа на Балканот

Стабилноста, соработката и реформите се клуч за стопанско опоравување и инвестирање во земјите од Западниот Балкан. Европската комисија од Лондон најави нов пристап кон регионот.

Економскиот развој и инвестициите беа темите кои ги собраа на едно место сите регионални лидери, претставниците на Европската комисија и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Организаторот на настанот, ЕБРД соопшти дека целта е „целиот регион на Западниот Балкан да се претстави како инвестициска дестинација“, но и да се надмине јазот меѓу „политичките определби и регионалните проекти“.

Иако ЕБРД, Светската банка и Европската инвестициска банка преку Заедничкиот акциски план за економско опоравување и развој во Централна и Југоисточна Европа веќе издвоија 30 милијарди евра за периодот 2013-2014., Европската комисија од претпристапните фондови на кандидатите и потенцијалните кандидати за членство им обезбеди неповратна помош од околу една милијарди евра, во Брисел се верува дека токму сега, кога ЕУ ги покажува првите сигнали за излез од кризата, е клучниот момент и Западниот Балкан да пронајде начин да привлече инвестиции. Комесарот за проширување Штефан Филе го изложи новиот пристап за добро управување со економијата, конкурентност, раст и вработување во Западниот Балкан.

Филе нагласи дека ниту една од земјите во регионот нема функционална пазарна економија, дека постои голема невработеност, особено меѓу младите, и голем буџетски дефицит и јавен долг.

„Инвестициите ќе пристигнат само доколку земјите ја унапредат инвестициската клима и создадат услови за одржлив развој што е основа за отворање на работни места“, рече Филе. Тој смета дека „реформите на јавните финансии и пазарот на трудот, преку намалување на административните оптоварувања за бизнис, мора да имаат приоритет“.

Проширување без миграции

Со цел да му помогне на регионот во исполнувањето на економските критериуми, Европската комисија го стави фокусот токму на полето на економските реформи во својата последна Стратегија за проширување.

„На патот кон економското приближување на потенцијалните кон постојните

EBRD Hauptsitz in London

Седиштето на ЕБРД во Лондон

членки на ЕУ, земјите аспиранти подобро би се подготвиле за влез на економскиот пазар, а би се намалил и миграцискиот притисок. Новите членки би ги задржале своите експерти и работници, а пошироката јавност би била убедена дека проширувањето би можело да се одвива без поголеми миграции“, вели Филе.

Во Европската комисија велат дека со земјите од Западниот Балкан ќе се води дијалог врз основа на нивните програми за Национални економски реформи, при што треба да се договорат специфични препораки за секоја земја поединечно. Меѓународниот монетарен фонд и ЕУ би учествувале и во натамошната техничка помош за примена на договореното. Од земјите во регионот ќе се бара да изработат акциски планови во областа на јавните финансии, како и двегодишни прегледи на планови на реформите во клучните области како што се стопанскиот раст, конкурентноста, транспортот, енергетиката и образованието.

Претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти оцени дека транспортните коридори и енергетските врски се клучни за развој на Западниот Балкан.