1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ-парламентот поддржува натамошно проширување

Со големо мнозинство, 571 од вкупно 640 пратеници, европскиот парламент во четвртокот изгласа резолуција за стратегијата за проширување на ЕУ. Одлуката е потврда дека курсот на проширување останува

Финансиската криза не го наруши позитивното расположение во Стразбур. „Многумина од нас немаше да бидат тука, доколку не беше проширување“, изјавија повеќе пратеници за време на дебатата. Известувачот на Европскиот парламент, Марилени Копа предупреди од разочарување поради заморот од проширувањето, оценувајќи го истото како еден од најголемите успеси на надворешната политика на ЕУ.

„Меката сила на ЕУ стана далеку појасна со добивањето на Нобеловата награда“, рече грчката европратеничка.

Разочарувањето кое некои денес го чувствуваат е разбирливо. ЕУ постојано поставува повисоки цели, но некои политичари го доведуваат во прашање таквиот курс со нивните коментари. Како негативен пример, Копа ги посочува коментарите насочени кон ЕУ-иднината на Турција.

Комесарот за проширување Штефан Филе потенцираше дека условите за приклучување кон Унијата остануваат исти како и пред 20 години, а тоа се „копенхашките критериуми“.

„Се работи за нашиот кредибилитет. Кога една земја ќе ги исполни сите критериуми, тогаш не смее да има сомнежи дека таа земја му припаѓа на европското семејство“, рече Копа.

Про и контра

На ваквите ставови им парираа евроскептиците, пред се’ од австриската десно-радикална Партија на слободата.

„Известувачката на нештата гледа низ розови очила, особено од аспект на почитувањето на Копенхашките критериуми. Во таа насока, јас не гледам ништо

Maria Eleni Koppa

Марилени Копа

позитивно во Турција: човекови права, слобода на печатот, верски слободи, права на жените- сите се отворени прашања и за ниту едно од нив нема решение на повидок“, вели Франц Обермајер од Партијата на слободата.

Дебати се водеа и околу финансирањето на новите членки на ЕУ, но и на идните. Во резолуцијата ЕУ-парламентарците повикаа на адекватно финансирање на натамошното проширување. Притоа се повикуваат Европската комисија и националните влади да поработат на намалување на скепсата во однос на проширувањето кај нивните граѓани. Актуелната криза не смее да го доведе во прашање европскиот проект, вели германскиот социјалдемократ Кнут Флекенштајн.

„Ние не можеме да водиме политика без да водиме сметка за јавното мислење во земјите-членки. Затоа, задача на политиката, не само на Комисијата, туку и наша, е да ги разјасниме нештата околу овие кандидатури, не само тука, туку и дома“, рече Флекенштајн.