1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ очекува огромни последици од пожарите во Грција

*

ЕУ очекува да бидат огромни последиците од пожарите во Грција. Според проценките на евро-комесарот за екологија, Ставрос Димас, на погодените региони им се закануваат поплави поради тоа што дождовната вода веќе не може да пропаѓа во изгорената почва. Освен тоа, пожарите, поради големите количества јаглерод диоксид кој се испушта во атмосферата, се голем товар за климата.

Пожарите кои шести ден беснеат во Грција денеска губат на интензитет. Според властите, пожари има уште само во 36 општини. Оптимисти се и пожарникарите кои сметаат дека е можно уште денеска сите пожари да бидат ставени под контрола. Во огнената стихија до сега животот го загубија 64 лица, а уништени се 184 илјади хектари земја.