1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕУ овозможи привременa суспензија на безвизниот режим

ЕУ во иднина ќе има можност под одредени услови и привремено да ја врати визната обврска за патниците од Балканот. Одлуката ја донесоа министрите за внатрешни работи на ЕУ.

Министрите за надворешни работи на Европската унија на средбата во Брисел донесоа одлука во дадени случаи да можат да го укинат безвизниот режим за повеќе балкански држави, како за Македонија и за Србија. Мерката ќе може да се воведува само под одредени случаи и привремено. Укинување на безвизниот режим бараа повеќе држави, меѓу нив Германија и Франција, поради значително зголемениот број на барања за азил од овие две земји.

Многумина од барателите на азил се Роми. Тие се сметаат за економски бегалци, кои не се политички прогонувани - што всушност е предуслов за правото за азил. Германските власти затоа го одбиваат поглемиот број барања. Како една од причините за порастот на барателите во изминатата година се смета пресудата на германскиот Уставен суд од летото 2012 година, според која мора да биде зголемена социјална грижа за барателите на азил.

ЕУ спори околу Бугарија и Романија

Фронтовите се заоструваат и во спорот околу ограничување на доселувањето од сиромаштија во ЕУ. Европската унија не е единствена по прашањето како да се сопре злоупотребата на социјалната грижа од страна на пример на Романците и Бугарите. Германија и Велика Британија на средбата на министрите за внатрешни работи за ЕУ побараа поголеми мерки на ниво на ЕУ. Германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих во четвртокот имено повторно ја обвини Комисијата на ЕУ дека не презема доволно мерки и се закани со заедничка иницијатива со другите држави на ЕУ.

„Потребно ни е заедничко разбирање, како можеме да ја штитиме слободата, како можеме да спречиме злоупотреба“, рече Фридрих на средбата со неговите европски колеги. „Доколку е неопходно ќе мораме да постигнеме согласност мултилатерлно вон структурите на Европската унија, за да избереме како заеднички ќе преземеме мерки“. Притоа, според ЕУ дипломатите, станува збор да се најде заедничко толкување за постоечките правила на ЕУ.

Комесарот за правда на ЕУ Вивијан Рединг смета дека Брисел не е надлежен и ги повика министрите за внатрешни работи: „Извршете ја вашата задача“. Промени во европското право, какви што бара Велика Британија, Рединг смета дека не се остварливи: „Слободата на движење е општо добро и не е предмет на дебата“.

Со месеци се спори околу т.н. доселување поради сиромаштија. Германските општини како Дортмунд или Дуизбург се жалат од доселениците од Романија и Бугарија кои бараат социјална заштита. Неодамна премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон предложи, ЕУ да ја ограничи слободата на движњето на работниците во Европа. Британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј во Брисел наведе бројчани ограничувања за доселувањето. Исто така и Холандија и Австрија изразија задршки.

Од 1. јануари 2014 година работниците од Бугарија и Романија слободно ќе смеат да бараат работа во државите на ЕУ. Досега во повеќе држави, меѓу нив и во Германија, постоеа ограничувања. Сега постојат стравување дека евтина работна сила од истокот ќе притисне врз пазарот на трудот. Бугарија и Романија од 2007 година се членки на ЕУ. Границите кон овие две држави засега не се целосно отворени, бидејќи Германија и натаму го блокира пристапот на овие две држави во Шенгенскиот простор.