1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ - Николиќ

Европската унија се надева дека по оставката на радикалот Томислав Николиќ на функцијата претседател на парламентот, Србија ќе може да избере демократска влада. Еврокомесарот за проширување, Оли Рен, изјави дека Србија се оддалечува од нејзиното националистичко минато. Според наводите на Рен, тој наскоро ќе отпатува во Белград за да разговара со српското раководство околу можен повторен почеток на преговорите за Договорот за асоцијација и стабилизација. Преговорите беа замрзнати од страна на унијата минатата година поради тоа што Белград, според сфаќањата на Брисел, не прави доволно за апсење на воените злосторници. Инаку, радикалот Томислав Николиќ поднесе оставка поднесе оставка на функцијата претседател на парламентот по само неколку дена од неговото назначување и пред

пратениците да се изјаснат за негово разрешување. Раководствата на демократските партии во петокот постигнаа согласност за состав на влада во која нема да учествуваат радикалите.