1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ не испорачува оружје за сириската опозиција

Ситуацијата во Сирија се наметна на средбата на ЕУ министрите за надворешни работи во Кипар. Се слушаат голем број апели, но крвопролевањето во земјата продолжува.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле ги повика Русија и Кина да го ревидираат својот став во однос на сирсикиот конфликт. Германскиот политичар на средбата на ЕУ министрите за надворешни работи во Пафос на Кипар ја критикуваше блокадата од страна на овие две држави во Советот за безбедност на ОН. Кина и Русија имено повеќепати досега спречија СБ да преземе одлучни мерки против сирискиот режим.

Вестервеле: Праведно ќе биде само ако има процес

Вестервеле на маргините на средбата се произнесе и за тоа, сирискиот претседател Башар aл Асад да се изведе пред Меѓународниот кривичен суд. „Само тогаш би било праведно, ако Асад еден ден би морал да одговара“. Mеѓутоа, доколку со одење во егзил брзо би можело да се сопре крвопролевањето во земјата, тогаш и тоа би било прифатливо решение. Арапската лига имено неодамна му понуди на Асад „безбедно прибежиште“ во случај да се повлече од функцијата.

EU Aussenminister Treffen Zypern

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг

Нема оружје за сириските бунтовници

Министрите за надворешни работи одбија испорака на оружје за сириската опозиција. Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг изјави дека во моментов во сила е ембарго за оружје за Сирија. Оттука испорака на оружје за противнците на Асад не е можно. Неговиот белгиски колега Дидие Рејндерс смета дека за испорака на оружје би можело да се размислува, дури ако се формира „нависина целосно обединета опозиција“.

Комисијата на ЕУ во меѓувреме најави дека ќе ја зголеми помошта за населението во Сирија за 50 милиони евра. Исто така и организацијата за бегалци на ОН, УНХЦР има намера да ја зајакне поддршката.