1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЕУ не донесе одлука за признавање на независност на Косово

По неуспешните преговори меѓу Белград и Приштина со посредство на меѓународната тројка, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, треба да го проследи извештајот до советот за безбедност.

default

Од состанокот во Брисел

Косовските албанци стремат кон што е можно побрзи разговори со Вашингтон и Брисел за независност од Србија:

„ Јас гледам еден многу интензивен процес на разговори помеѓу ЕУ и лидерите на Косово, кои мора да се одржат пред какви било одлуки од страна на Брисел или Приштина„ изјави претставникот на ЕУ во тројката Волфганг Ишингер по состанокот во Брисел на кој шефовите на дипломатиите на ЕУ не донесоа одлука за еднострно признавање на независноста на Косово.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер со критика до косовските албанци и србите дека не се поместиле од своите позиции:

„ Конечно не станува збор за недостаток на време или на можности. Станува збор за недостаток на политичка подотвеност за да дојдеме до едно политичко решение„

Двете страни сметаат на своите сојузници Србија смета на подршка од страна на Москва.Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди на верижни реакции во светот доколку Косово добие независност. Косовските албанци остануваат на барањето за независност за што имаат поддршка од САД. Речиси сите земји на ЕУ, без Кипар, се подготвени да ја признаат независноста на Косово и да испратат мисија за обнова на покраината. Старата резолуција 1244, според која Косово е дел од Србија, но под управа на ОН и натаму е важечка, изјави шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт:

„ Мислам дека има една земја која вели дека нема поместување без нова резолуција во советот за безбедност. Јас го разбирам ваквиот став. Но доколку нема нова резолуција, мораме да продолжиме врз база на старата резолуција 1244„ изјави Билт

ЕУ сака уште време Земјите членки на Унијата кои секако сакаат уште неколку месеци време нема истовремено да ја признаат независноста на Косово, туку во повеќе фази. Некои земји ќе чекаат се додека Косово не добие устав и демократски легитимни институции. Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн смета дека властите во Приштина треба да сочекаат на изборите во Белград, пред да прогласат независност, за да не се засили позицијата на радикалните сили „ Сега мораме да ја одбегнеме еднострано прогласената независност на Косово и да го продолжиме процесот. Сметам дека процесот треба да заврши по изборите во Србија, на почетокот на фебруари„ изјави Аселборн Официјален Белград смета дека е многу важно што ЕУ не донела одлука за еднострано признавање на независноста на Косово. Премиерот Воислав Коштуница смета дека сега постојат повеќе причини за продолжување на преговорите. Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека Белград ќе покрене иницијатива со цел советот за безбедност да побара мислење од меѓународниот суд за правда околу прашањето дали независноста на Косово би била легална или не.