1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЕУ нема да посредува во спорот меѓу Македонија и Грција

ЕУ го поддржува процесот за решавње на спорот околу името меѓу Македонија и Грција под покровителство на ОН и нема директно да посредува, порачаа денеска (08.11.) од кабинетот на Кетрин Ештон.

ЕУ нема директно да посредува меѓу Македонија и Грција во спорот за името, како што тоа беше случај со посредувањето меѓу Србија и Косово, изјавила портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон, Маја Коцијанчич.

„Нашиот став во однос на ова прашање е јасен. А, тоа е дека ние го поддржуваме процесот за решавање на овој спор што се води под покровителство на Обединетите нации и даваме поттик да се најде заеднички прифатливо решение со посредникот Метју Нимиц“, изјавила Коцијанчич за МИА.

Како што јавува дописникот на агенцијата од Брисел, и покрај заинтересираноста на Германија и неколку други земји-членки на Унијата за што побрзо решавање на долгогодишниот спор, во Брисел немаат намера да се вмешаат директно со посредување меѓу Скопје и Атина.