1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ натрупала нови долгови во висина од 576 милијарди евра

И покрај напредокот во санација на буџетот, задолжувањето на државите во ЕУ расте со забрзано темпо. Само земјите од еврозоната минатата година забележале зголемување на долговите во висина од 375 милијарди евра.

Службата за статистика, Евростат, соопшти дека планината долгови во еврозоната пораснала на околу 8,6 илјади милијарди евра. Ширум ЕУ таа изнесува дури 11 илјади милијарди евра, или 576 милијарди евра повеќе од годината пред тоа.

Буџетите на државите на ЕУ, притоа, бележат многу различен развој. Само Германија во цела ЕУ има буџетски суфицит во 2012 година, и тоа во износ од 0,2 проценти од брутодомашниот производ. Германија ваквиот суфицит го остварила благодарение пред се‘ на социјалните осигурувања, во кои има дури 17 милијарди евра повеќе приходи од расходи. Плус бележат и општините. За разлика од нив, во сојузниот буџет има минус од 12,2 милијарди евра, а и покраините бележат дефицит.

Најголем дефицит минатата година е забележан во Шпанија. Минусот во споредба со 2011 година изнесува 10.6% од брутодомашниот производ. Пораснала и стапката на дефицит во Грција, и тоа на 10%. Наспроти тоа, Ирска го намалила новото задолжување и сега стапката на дефицит изнесува 7,6%. Португалија има стапка на дефицит од 6,4, а Кипар од 6,3 проценти.