1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЕУ, НАТО, САД и ОБСЕ се загрижени од македонските состојби

Шефовите на мисиите на ЕУ, Канцеларијата за врски на НАТО, ОБСЕ и на САД во пишана изјава изразуваат голема загриженост од политичката состојба во Македонија и ги повикуваат сите страни да го зајакнат политичкиот дијалог

„Со зголемена загриженост ја следиме политичката состојба во земјава. Потребни се итни мерки за надминување на политичките тензии кои уследија по настаните од 24 декември. Ги повикуваме сите страни максимално да го зајакнат политичкиот дијалог, да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и да ги стават на прво место најдобрите интереси на земјата и нејзините граѓани“, се вели во денешната (14.02) заедничка изјава од ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски како реакција на ваквата изјава, денеска рече дека смета оти треба да се биде загрижен „особено со оглед на фактот дека во онаа комуникација и оние пораки кои беа упатени досега најголемата опозициска партија не испрати порака дека ја става европската агенда на земјата на повисоко ниво отколку личните агенди и аспирации“.

Попоски изрази надеж дека сите инструменти „ќе можеме да ги искористиме за да имаме придвижување во позитивна насока“. На прашањето кој ќе го води Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) и дали тој ќе продолжи со оглед на последните настани во државата, тој рече дека во тој поглед поставена е нормата, а тоа се - претседателот на Владата од една страна, комесарот Филе од друга страна со сите оние учесници кои се дел од процесот.

Nikola Poposki

Никола Попоски

„За нас ПДВН не е замена за преговорите. Она што го очекуваме е да почнеме преговори. Во меѓувреме, комуникацијата не е прекината. Таа се одвива на дневно ниво, бидејќи ние имаме Акциски план, кој произлегува од сите оние резултати кои ги испорачавме за пристапниот дијалог. Не сметам дека тоа во овој случај треба да биде ставено под знак прашање, особено со оглед на фактот дека ние пристапуваме како земја, не пристапуваме како платформа за разговор во која било форма“, рече шефот на дипломатијата.