1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ – министри за надворешни работи и за одбрана

Односите меѓу ЕУ и Русија и блиско-источниот конфликт се главни теми на средбата на министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ што денеска се одржува во Брисел. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер воочи средбата на шефовите на дипломатии на ЕУ и министрите на Арапската лига изрази поддршка на нивниот мировен план за Блискиот исток. Што се оденсува до односите со Русија, на неколку дена пред самитот на унијата и Русија, дипломатите оценуваат дека релациите се тешки. Денеска во Брисел заседаваат и министрите за одбрана на ЕУ, кои меѓу другото разговараат за мисиите на унијата во Авганистан и на Косово.