1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ-министрите за финансии на советување за намалување на долговите

Главна тема на денешниот состанок на министрите за финансии на земјите од ЕУ во Вроцлав, во Полска, ќе биде европската должничка криза.

default

На дневен ред е критичната финансиска ситуација во Грција, но и спроведувањето на програмите за штедење во Португалија и во Ирска, кои исто така се зависни од парите од „чадорот за спас на еврото“. На средбата ќе учествува и американскиот министер за финансии Тимоти Гајтнер. Тој побара од Европа поголема активност во справувањето со должничката криза, на пример поддршка на европските банки.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави: „Се советуваме меѓусебно, зашто имаме заедничка одговорност. Мораме да ги решиме нашите проблеми на двете страни на Атлантикот, заради постигнување поголема стабилност на финансиските пазари. Стравуваме од слабеење на глобалниот економски развој“.

Како и Европејците, и Американците имаат проблеми со големите долгови.

Утрово на состанокот учествуваат министрите за финансии на земјите од еврозоната, а попладне кругот ќе биде проширен со ресорните шефови на сите 27 членки на ЕУ.

Автор: ЖА/ БГ/ дв/ дпа

Редактор: Александра Трајковска