1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЕУ-министрите за надворешни работи со великодушна понуда за Иран?

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел се собраа на разговори околу горливите прашања во светската политика во моментов - Иран, Палестина, Конго.

Солана: “Имаме пакет храбри мерки“

Солана: “Имаме пакет храбри мерки“

Непосредно пред почетокот на средбата, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, изјави дека ЕУ има храбри предлози за надминување на спорот со Иран околу атомската програма. “Ќе има великодушен пакет храбри мерки“, најави Солана и рече дека на Иран ќе му биде тешко да ја одбие понудата доколку навистина има намера да ја користи атомската програма во мирновременски цели. Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнамјер, вели дека во разговорите со Иран е јасно...“...дека стоиме на располагање за разговори, за решенија на разбирање, доколку Иран повторно воспостави основа за преговори и ги суспендира своите активности на облагородување ураниум. Со оглед на тоа што решението може да биде само дипломатско, напорите мора да се зајакнат.“

Според она што досега е познато, на Иран би требало да му се излезе в пресрет со ветувања за трговски олеснувања и трансфер на технологија, како и отстапки при мирновременско користење на атомската енергија. И, ЕУ сака повторно на маса да ја врати темата безбедносни гаранции.

Шефовите на дипломатии денеска треба да ги разработат и компликуваните детали околу тоа како натаму финансиски да им се помогне на Палестинците, без притоа од тие пари да профитира и владата на Хамас. Денеска е предвидена и заедничка средба со министрите на унијата за одбрана по прашањето на мисијата во Конго, која треба да помогне во обезбедувањето на изборите во таа земја. Што се однесува до Балканот, министрите за надворешни работи на ЕУ треба да разговараат околу условите за обнова на преговорите за стабилизација и асоцијација со Србија и Црна Гора, кои беа замрзнати пред околу две недели.