1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЕУ: Министрите за надворешни работи одлучуваат за заклучокот за Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ќе го донесат заклучокот за Македонија во однос на петтата позитивна препорака за почеток на пристапни преговори, донесена од страна на Европската комисија (ЕК).

Европскиот совет, пак врз основа на денешната одлука донесена од страна на шефовите на дипломатии на членките на ЕУ на состанокот на Советот за општи работи, по ова прашање ќе се изјасни во четврток или в петок.

Се очекува дека и оваа година, како и изминатите четири години, повторно ќе биде донесен заклучок со кој „Советот ќе се наврати на прашањето за Македонија за време на наредното претседателство“, со кое ќе претседава Грција, токму земјата која што ги кочи евро и евроатланските интеграции на Македонија, поради нерешениот спор со името.

Покрај решавањето на спорот со името, се очекува Советот да препорача земјата да посвети повеќе внимание на добрососедските односи, а ова е особено нотирано за Грција и Бугарија, а покрај продолжувањето на процесот на реформите, се инсистира и на спроведување на имплементацијата на договорот од 1 март, со кој беше ставен крај на политичката криза која изби во Собранието кон крајот на минатата година.