1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЕУ: Македонија напредува, но реформите треба да продолжат

Македонија треба да продолжи со реформи ако сака почеток на пристапните преговори, заклучок од Брисел од Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ.

default

Македонската влада треба да продолжи со целосно исполнување на условите за почеток на пристапните преговори, пред следниот Извештај за напредокот на земјата на Европската комисија.
Ова е заклучокот од шестиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, што вчера (19.06.2009) заврши во Брисел.
На дводневниот состанок била направена ревизија на сработеното во исполнувањето на политичките и економските критериуми, како и напредокот на Македонија во врска со нејзиното усогласување со европското право.

Europa Mazedonien

Има напредоци, но и незавршени задачи

Во однос на политичкиот дијалог, констатирано е подобрување во функционирањето на Собранието.
Побарано е властите во Скопје интензивно да го продолжат процесот на децентрализација и зајакнување на капацитетот на институциите надлежни за борба против корупцијата.
Констатирано е дека има напредок во реформата на јавната администрација, но оти е потребна измена на законот за државни службеници.
Во однос на економските критериуми, ЕУ и‘ препорачува на Македонија одблиску да го следи економскиот развој и да продолжи со дисциплинирана фискална политика.
Македонија, во однос на претпристапната помош ИПА, треба да ги забрза реформите за процесот на децентрализираното управување со фондовите на ЕУ, констатира КСА.
Потврден е планот за предлог за укинување на визите за земјите кои ги исполнуваат условите и оти перспективата за воспоставување взаемен безвизен режим е до крајот на 2009 година.
На состанокот било укажано на важноста Македонија целосно да го хармонизира и имплементира законодавството од областа на енергетиката во согласност со обврските од Договорот за енергетска заедница, особено во врска со пазарот на електрична енергија.





ЖА/макфакс