1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ-комесарот Алмуниа му се заканува на „Гугл“

Комесарот за конкуретност на ЕУ го повика концернот „Гугл“ резултатите од својата машина за пребарување да ги презентира поинаку. Во спротивно американската интернет фирма ќе се соочи со истрага од монополската управа.

Комесарот за конкуретност на ЕУ Жоакин Алмуниа јавно му се закани на американскиот интернет концерн „Гугл“ со отворање постапка од страна на монополската управа поради наводна злоупотреба на позицијата на пазарот. Негов впечаток е дека „Гугл“ корисниците на неговата машина за пребарување ги упатува кон сопствените услуги, а не на оние на конкуренцијата, изјави денеска Алмуниа за „Фајненшл тајмс“. „Стравувам дека постои злоупотреба на оваа доминантна позиција“.

Belgien EU Deutschland Banken Wettbewerbskommissar Joaquin Almunia zu WestLB und BayernLB

Комесарот на ЕУ Алмуниа

Проблемот бил „начинот како се претставуваат работите“, изјави Алмуниа во однос на огласите од пребарувањето на „Гугл“. Не станувало збор само за тоа дека конкурентите сметале дека се запоставени. Кај корисниците се будел и впечатокот дека се покажуваат најдобрите резултати за нив, а притоа „Гугл“ ги насочува кон сопствените услуги, забележува Алмуња.

Комисијата на ЕУ во ноември 2010. започна истрага против „Гугл“. Притоа станува збор за пребарувања на „Гугл“ на други специјализирани услуги за пребарување, на пример ресторани. „Гугл“ самиот води т.н. вертикални специјални услуги за пребарување. При барањето, според Комисијата на ЕУ, „Гугл“ ги покажува прво линковите кои водат кон неговите услуги, додека конкурентите следуваат потоа.

Во САД „Гугл“ минатата недела одбегна тужба за попречување на конкуренцијата и наводна злоупотреба на позицијата на пазарот. Монополската управа на САД се изјасни дека нема доволно укажувања оти концернот резултатите од својата машина за пребарување ги манипулира на штета на конкурентите. Чуварите на конкурентноста затоа ја прекинаа истрагата, но „Гугл“ мораше да направи одредени отстапки.