1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ како финансиски пожарникар

Ветена и‘ е помош на Унгарија, на која и‘ се заканува државен банкрот, одобрен е стабилизирачкиот пакет за банките, а најавена е поддршка од ЕУ и за автомобилската индустрија.

default

Итни мерки поради финансиската криза

Меѓународната финансиска криза доведе во тешкотии повеќе европски земји. ЕУ е подготвена за помош - Унгарија, на која и‘ се заканува државен банкрот, ќе добие 20 милијарди евра. Станува збор за кредит од 12,5 милијарди евра преку ММФ, 6,5 милијарди од ЕУ и една милијарда евра од Светската банка. За возврат, унгарската влада треба да го консолидира буџетот; таа веќе најави намалување на платите на службениците и на пензиите. Европската комисија ќе го зголеми својот фонд за помош на државите членки во слични тешкотии до 25 милијарди евра.

Помош за германските банки

Комисијата претходно (28.10.2008) го одбри пакетот на германската влада за помош на банките во висина од 500 милијарди евра. Образложението е издржано - тешки нарушувања во германското стопанство. Сега е потребна координација во врска со финансиските институции, но и во однос на реалното стопанство, беше речено во Брисел. Претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо фигуративно појасни дека мора да се плива заеднички, инаку се заканува заедничко потонување. Европската соработка не е можна опција, таа е единствен пат 27- те национални економии да ја пребродат бурата, смета Барозо.

Како да се спаси автомобилската индустрија

Кризата тешко ја погоди автомобилската индустрија. Таа во Германија и Франција обезбедува голем број работни места. Затоа во Брисел се одржа т.н. автосамит. Претставниците на браншата, на политиката, синдикатите и на Европскиот парламент, заедно со еврокомесарот за индустрија Гинтер Ферхојген бараа излезни решенија.

Deutschland Produktion von VW Touran in Wolfsburg

Автомобилската индустрија бара поволни кредити

Производителите на автомобили бараат од политиката да им стави на располагање поволни кредити преку Европската инвестициона банка. Со нив треба да бидат финансирани инвестиции во производство на еколошки возила. Но, тука производителите потфрлуваат.

Günther Verheugen

Еврокомесарот за индустрија Гинтер Ферхојген

Само малку модели ги исполнуваат стандардите кои ги бара еврокомесарот за екологија Ставрос Димас: до 2012 година границата за издувни гасови да биде 120 грама по километар за новите возила. Другите ќе треба да плаќаат казни. Еврокомесарот за индустрија Гинтер Ферхојген сега застанува зад автомобилската бранша, а против своите колеги од секторот за екологија.

Иако Ферхојген и производителите на автомобили истакнуваат дека не се за заобиколување на еколошките правила, екологистите обвинуваат: браншата ја користи кризата токму тоа да го постигне, па уште добива и пари.







DW.COM