1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЕУ и САД нема да преговараат со Техеран

Европската унија и САД потврдија дека нема да преговараат со Иран околу неговата атомска програма.

Атомска централа во Иран

Атомска централа во Иран

Натамошни преговори немаат смисла, се додека нема новини, појаснија координарот за надворешна и безнедносна политика на ЕУ Хавиер Солана и американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс во Вашингтон. Кинеската влада ги повика сите учесници на воздржаност и трпение. Министерот за надворешни работи Ли Заоксинг по телефонски разговор со неговиот ирански колега Манухер Мотаки, потврди дека има проблеми околу преговорите со Техеран. Сепак цел мора да остане дипломатско решение

Меѓународната агенција за атомска енергија на 2 февруари ќе оддржи средба на која ќе се разговара за натамошните чекори. Властите во Виена, според намерата на ЕУ и САД, случајот треба да го предадат на Советот за безбедност на ОН.