1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ и Русија ќе ги унапредуваат економските врски

Русија и Европската унија и покрај проблемите имаат намера и натаму да ги унапредуваат економските врски. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин, по завршувањето на самитот Европска унија – Русија, што се одржа во градот Самара. За тоа се договорени и конкретни чекори. Меѓу другото, ќе се формира ново тело за инвестиции, а ќе бидат поедноставени и граничните контроли. Путин изјави дека резултатите се позитивни и постигнати во конструктивен дијалог. Слична оценка изнесе и претседателот на Европската комисија Жозе Барозо. Германската канцеларка Ангела Меркел повика на стратегиска соработка за решение на проблемите меѓу Рузија и Балтичките држави. Меркел и Путин на разговорите си размениле остри зборови околу забраната за демонстрации на самитот во Самара, но и на оној на Г8 закажан за 6 јуни во Хајлигендам, Германија.