1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ и Русија-секој со свои сметки

Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска во Брисел води политички разговори со врвот на ЕУ. Русите инсистираат на визна либерализација, Европејците имаат намера да ја отворат и темата - избори во Русија.

default

Херман ван Ромпој, Дмитри Медведев и Жозе Мануел Барозо на самит пред една година

Дали со руската мечка да се  постапува со цврста рака или можеби е подобро таа да се гали? Ова прашање бриселската дипломатија си го поставува секои шест месеци, секогаш кога се одржува средбата на врвот на ЕУ со рускиот претседател.

Причини за груб третман

Овојпат има добри причини за груб третман. Изборите за руската Дума, според општа проценка, минаа прилично проблематично. Тоа беше причина за критичката резолуција на Европскиот парламент:

Treffen EU-Außenministerrat in Brüssel Catherine Ashton

Кетрин Ештон вети да ја отвори темата-избори во Русија

„Анализата на Европскиот парламент оди во насока на тоа дека ние поаѓаме од манипулирани и фалсификувани избори за Думата и многу јасно бараме анулирање на изборите и распишување нови, како и дозвола за настап на изборите на досега нерегистрираните партии“, вели Вернер Шулц од редовите на Зелените, кој со години се ангажира за јасни зборови и дела на ЕУ во однос на повредите на човековите права во Русија.

Но, Вернер Шулц денеска не седи на преговарачката маса и мора да има доверба во тоа дека првиот ЕУ-диломат, Кетрин Ештон, ќе ја отвори темата, како и што им вети на парламентарците:

„Ќе ја отвориме темата, тоа е јасно“, рече Ештон.

Причини за попустливост

Сепак, Ештон, претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпој и шефот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, нема да одат толку далеку и да бараат анулирање на изборите. При целата критика, Ештон веќе сега има изградено мост кон рускиот гостин. Таа ја поздрави најавата на Медведев за проверка на нерегуларностите. Освен тоа, според Ештон, руските власти реагирале разумно на големите демонстрации во текот на викендот (10.11./12): 

„Руските граѓани испратија јасна порака и таа не остана незабележана. И претседателот Медведев и премиерот Путин ја разбраа пораката“, изјави Ештон. За руската мечка да се гали, има причини. Брисел се надева на помош при решавањето на должничката криза. Москва сигнализирала учество во европскиот „чадор за спас“ со околу десет милијарди евра, велат дипломати во Брисел. Тоа тешко ќе го спаси еврото, зашто при проширувањето на чадорот за спас ЕФСФ предвид се има многу повисок износ, но со оглед на резонанцата во светот, Брисел е благодарен за секоја позитивна вест.

Dmitri Medwedew / Wladimir Putin / Russland

Следниот пат наместо Медведев, соговорник ќе биде Путин

Така на Русите ќе им се излезе пресрет по прашањето за кое вршат притисок со години - визна либерализација.

„Претседателите ќе договорат листа со заеднички чекори, чие спроведување ќе го подготви патот за почеток на преговори за безвизен режим“, најави Ештон.

Станува збор за воведување биометриски пасоши и поголема безбедност на руските документи од фалсификување. Руските граѓани и бизнисмени, меѓутоа, ќе мора уште долго да имаат трпение додека не се рече - слободно патување во ЕУ.

И на овој самит нема да се случи пробив во односите меѓу ЕУ и Русија кои се со години во стагнација, а притоа двете страни се третираат себеси како стратешки партнери. Во Кремљ претстои промена на врвот. Ова е последен самит со попристапниот Дмитри Медведев. Наредниот пат на маса повторно се очекува „поопасниот“ Владимир Путин. И прашањето повторно ќе гласи - цврста рака или галење?

Автор: Мартин Боне / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска