1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ и Русија против воена интервенција во Сирија

ЕУ не успеа да го убеди рускиот претседател Владимир Путин да се согласи со построг курс на меѓународната заедница кон Сирија. Двете страни се согласни само дека воена интервенција не е опција.

На крајот на самитот ЕУ - Русија во Санкт Петерсбург, претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпој делуваше помалку резигнирано: „Мораме да најдеме заеднички пораки“, изјави Ван Ромпој признавајќи го неуспешниот обид на ЕУ да го придобие рускиот претседател Владимир Путин за санкции против властодржецот во Сирија, Башар ал Асад.

Herman van Rompuy / EU / EU-Ratspräsident / Europäische Union

Херман ван Ромпој

Ван Ромпој на заедничката пресконференција со претседателот Путин затоа апелираше до руската влада: „Мораме да ги обединиме нашите напори да го сопреме насилството и да спречиме граѓанска војна“„Ѓаволскиот круг на насилство“ мора да се спречи.

Воена интервенција не е опција

Барањата, кои претседателот на Советот на ЕУ ги упати до сириската влада се јасни: „Режимот неодложно мора да ги сопре сите форми на насилство, и целосно да го поддржува мировниот план на специјаниот пратеник Кофи Анан“. Ван Ромпој сосема јасно се произнесе против евентуална воена интервенција. „На Сирија и е потребно долгорочно и мировно решение“.

Ситуацијата во Сирија беше една од главните теми на дводневниот самит меѓу раководството на ЕУ и претседателот Путин, кој на пресконференцијата воопшто не зазема став за ситуацијата во Сирија. По средбата со раководството на ЕУ, Путин само индиректно се произнесол по сириското прашање „Дискутиравме за најважните меѓународни прашања“, рече Путин. Притоа стануваше збор и за Сирија. Разговорите биле „плодни“, но „се подразбира“, двете страни „не се единствени по сите точки“. Според информации на новинската агенција Интерфакс Путин ја критикувал „едностраната“ позиција на Европејците. Русија заедно со Кина во Советот за безбедност на ОН досега спречуваа воведување построги санкции за режимот на Асад.

Заеднички против кризата

Vladimir Putin und Jose-Manuel Barroso

Жозе Мануел Барозо и Владимир Путин

Рускиот претседател најде потврдни зборови за ЕУ во борбата против финансиската криза: „се надеваме дека на нашите колеги во еврозоната ќе им успее, да ги надминат тешкотиите“. Русија не очекува „сериозна затегнатост“, но е подготвена за секаков развој. Тој за оваа политика вети поддршка од Русија.

Путин изјави дека го споделува оптимистичкото гледиште на Комисијата на ЕУ за иднината на еврото. Претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Барозо му се заблагодари на Путин за довербата во европската заедничка валута.