1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ и Русија без значителни договори

*

ЕУ и Русија на самитот во Португалија на кој требаше да ги договорат билатералните односи не успееа да ги надминат поголемиот дел од разликите по клучните прашања. Меѓу темите беа и статусот на Косово и иранската нуклеарна програма. Сепак по средбата рускиот претседател Путин и претседателот на ЕК, Барозо изјавија дека одржале искрени и продуктивни разговори. Путин го критикуваше и планот на ЕУ да ги огранички странските инвестиции во нејзините енергетски мрежи.